Македонија

Мицкоски: Наспроти коалицијата за пари Венко-Али-Димче е победничката коалиција на просперитетот на на ВМРО-ДПМНЕ! Македонија е во вистински раце!

На народниот митинг, што се одржа синоќа на плоштадот во Ресен, претседателот на Владата на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги повика посебно неопределените гласачи за поддршка и сите заедно со членовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата уште во првиот круг повторно да го изгласаат Јован Тозиевски како градоначалник на Ресен.

На овие избори одлучува народот и никој друг. На една страна е коалицијата за пари на Венко, Али и Димче, на другата сме ние! Но, на Македонија ѝ треба коалиција за работа и иднина.“ – истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Република Македонија Христијан Мицкоски на синоќешниот митинг во Ресен.

Според него, Македонија е уморна од сојузите, кои се на грбот на напатениот народ.

Македонија е уморна од едни исти политичари, кои ја загрозуваат нејзината иднина, уморна е од интригите на Венко, Али и Димче. Тоа е коалиција за пари. На Македонија ѝ треба коалиција за работа и иднина и тоа е јасно, како бел ден. На овие избори од едната страна е коалицијата за пари на СДСМ, ДУИ и Левица, коалицијата на Венко, Али и Димче. Од другата страна е победничката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, коалиција на работа, на просперитет, на иднина.“ – посочи Мицкоски.

На народниот митинг во Ресен тој потсети на реализираното и ветеното во изминатите 15 месеци, од кое, како што рече, полза имаат просветните работници, студентите, задравствените работници, земјоделците, инвестиции од 500 милиони евра за македонските општини, исплатени плати и друга помош.

„Нашата борба не беше само во Македонија. Ние знаевме дека наследивме ограбена и понижена држава со начнат идентитет, со начната гордост на македонскиот народ. Затоа бевме свесни дека треба да победуваме и надвор: во Лондон, Брисел, Берлин, Вашингтон…Достоинствено ја браневме честа на македонскиот народ и на граѓаните на Македонија. Се боревме и ќе продолжиме да се бориме за Македонците насекаде во светот и додека е оваа Влада треба да сте сигурни дека Македонија е во вистински раце.“ – истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Христијан Мицкоски ги повика посебно неопределените гласачи за поддршка и сите заедно со членовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата уште во првиот круг повторно да го изгласаат Јован Тозиевски како градоначалник на Ресен. Тозиевски на собирот во Ресен потсети на постигнатите резултати во локалната самоуправа во минатите четири години од неговиот сегашен мандат, во кој, според него, еден од најголемите успеси е што беше деблокирана буџетската сметка на Општина Ресен под негово водство.

„Не се кандидирам за да ветувам празни зборови, напротив, со ваша поддршка за да го продолжиме започнатото и со уште повеќе сила и мудрост стекната од искуството да придонесеме за силна и перспективна Преспа. Наш прироритет се реконструкција на градскиот плоштад, обнова на скијачкиот центар на Галичица, обиколница околу Ресен, катна гаража, реконструкција на улиците според потребите на секое населено место, реконструкција на водоводната мрежа. Во Претор ќе има нов водоводен систем.“ – најави Тозиевски. Тој додаде дека ќе се користи меѓународна експертска помош и поддршка.за заштита на Преспанското Езеро. 

На народниот митинг на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата синоќа во Ресен беа претставени и кандидатите за членови на општинскиот Совет. 

Македонска информативна агенција МИА

Најнови вести од: Македонија

Со остранувањето на билбордите, почна реконструкција на застарената Железничка станица во Скопје

Според директорот Железница Инфраструктура проектот за средување на железничката станица во Скопје ќе се одвива во фази и ќе заврши со генерално чистење на надворешниот изглед на станицата како и соодветна илуминација.

„Стратегијата Македонија 2030“ е визија за модерна, стабилна и европска Македонија

Стратегија усвоена на Конгресот на партијата во Кавадарци „Ново поглавје – Македонија 2030“ значи визија за модерна, стабилна и европски ориентирана Македонија, со јасно дефиниран политички и развоен правец за следната деценија, изјави Антонијо Милошоски пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

(Видео): Во Македонија нема да се градат бегалски кампови

Ќе се градат железници, автопати, ќе се градат здравствени и енергетски инфраструктурни проекти, но, за жал на опозицијата која се обидува да спинува, нема да се градат какви било бегалски кампови, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

План, дами и господа, план што ќе се оствари – ете толку е едноставно

Мора да заборавиме на политиката „Купи ден, продај“. Држава не може да функционира како тезга на пазарче. Краткорочните одлуки безусловно мора да бидат заменети со долгорочен план и систем за управување

Еуроњуз: Албанка од Македонија пронајдена мртва во Италија

За разлика од македонските медиуми кои кога пишуваат за вакви случаи велат дека жртвата или напаѓачите од Македонија или македонски државјани во извештајот на Еуроњуз се наведува дека се работи за Албанци од Македонија

To top