Македонија

Мицкоски: Не ни се потребни резолуции како онаа на Филипче

Тоа се некакви политички гимнастики и комбинаторики кои ги оставам во периметарот на СДСМ

Не ни требаат вакви теми, кои се дел од политичките гимнастики на СДСМ, туку зрели политики, одговори денеска премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање да го коментира повикот на Венко Филипче сите партии да ја разгледаат резолуцијата за нивните црвени линии во пристапувањето на Македонија кон ЕУ.

– Многу ја коментиравме таа резолуција на Венко Филипче и на СДСМ. Тие се обидоа тоа да биде некаков нивен политички влез во кампањата, па да градат на тоа некаква позиција, некава порака во кампањата, видовте како тоа заврши. Ние треба да водиме зрели политики во периодот пред нас. Не ни требаат вакви теми, тоа се теми и егзибиции кои немаат врска со подобар живот и подобра иднина на граѓаните. Тоа се некакви политички гимнастики и комбинаторики кои ги оставам во периметарот на СДСМ – рече премиерот Мицкоски.

Претпоставувам, додаде тој, дека мислат дека така се актуелни во јавноста.

– Нашиот став, позициите на ВМРО-ДПМНЕ, на Владата, се јасни, непроменети, недвосмислени. Остануваме на ставот дека никој не сме и не е фер да очекува дека ние туку така ќе влеземе во уставни измени, без притоа и другите страни да го испорачаат она што им е обврска согласно меѓународното право и согласно оние гаранции кои тие со фанфари и на голема врата ги најавуваат – рече Мицкоски.

Подготвени сме за дијалог во секое време и сакаме да разговараме, додаде тој.

– Вчера испративме порака дека сме добри соседи, со договорот за железничкиот тунел со Бугарија. Ние сме влада која сака да си ја развива својата земја. Оттука, ние сме промакедонска влада, која е прорефорски ориентирана, која сака да го подбри животот на граѓаните и така ќе се однесуваме – категорочен е Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Онлајн купувачи се жалат на проблеми при пазарењето, најчесто за бавна испорака

Бавната испорака е најчестиот проблем на е-купувачите. Повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите.

Над 400 милиони денари само лани вложени во инфраструктура во Битола

Во тек се 10-ина нови проекти (реконструкција на улици и патишта, изградба на нови, комунална инфраструктура, спортски игралишта). Коњановски најави дека со почнувањето на градежната сезона ќе има многу работа во оваа календарска година, во која благодарение и на соработката со Владата веќе се склучени договори.

To top