Македонија

Мицкоски организира меѓупартиска лидерска средба, би се разговарало и за укинување на „Пржинската влада“

Премиерот Мицкоски минатата седмица изјави дека планира средбата да се оддржи на 14-ти јануари во Клубот на пратениците. Одлуката на премиерот доаѓа и покрај ставот на најголемата опозициска партија СДСМ да не учествува на таквата средба. 

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82

Премиерот Христијан Мицкоски реши да закаже меѓупартиска лидерска средба на која би се разговарало за укинувањето на таканаречената „Пржинска влада“ воведена пред десет години, но и за другите прашања, пишува во неделата електронското издание на весникот „Вечер“.

Од Владата денеска за весникот Вечер изјавиле дека почнало испраќање на поканите до политичките партии. „Ве информираме дека поканата за лидерска средба е во процес на испраќање и ќе биде доставена до сите политички партии кои имаат парламентарна група во Собранието“, го цитира весникот одговорот од владината служба за односи со јавноста.

„Техничката влада мора да остане затоа што таа е последната линија на одбрана од целосно заробување и злоупотреба на најважното, а тоа е слободната волја на граѓаните за време на изборниот процес. Таа може да се укине само тогаш кога ние би биле зрело општество, а ние тоа сега во овој момент не сме.“ – рече Филипче.

Од ДУИ соопштија дека откако официјално ќе ја добијат поканата ќе го кажат својот став за присуството на средбата. Опозициската Левица вчера соопшти дека се залага за укинување на техничката влада, но нејзиното укинување би било прифатливо само ако е проследено, како пто наведуваат, „со вистински, а не декларативни демократски реформи и воведување на една изборна единица“.

Најнови вести од: Македонија

Влада: Не знаеме кого чекал Трендафилов во празна сала, премиерот ќе има средба со синдикатите в четврток

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, оцени дека е добро што премиерот го прифатил барањето на УПОЗ за зголемување на платите во управата и правосудството по речиси една година протести на работниците од овој сектор, но додаде оти денеска требало да се зголемат и платите на вработените во управата за 40 отсто.

Осигурителната компанија „Tриглав Осигурување АД“ со огромен раст на добивка

Триглав Осигурување АД, Скопје во претстојниот период очекува понатамошно профитабилно, безбедно и одржливо работење. Планираната премија во 2026 година изнесува 1.960 милиони денари, односно раст од околу 15 отсто во однос на 2025 година. Добивката се очекува да изнесува околу 75 милиони денари – стои во извештајот.

To top