Македонија

Мицкоски: По изборите ќе го ресетираме системот, за да ги скршиме веригите на неправдата и „мрежите на длабоката држава“, кои ја задушуваат Македонија

„Најавениот ресет нема да биде одмазда, туку враќање на довербата во институциите и во владеењето на правото.“ – нагласи претедателот на Владата на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вчерашниот митинг во Македонски Брод.

На сите нивоа, од најмалите служби до поголемите структури, постојат елементи кои функционираат како дел од една длабока држава не само во едно министерство, или една партија, туку во мрежи, кои понекогаш се шират низ партии, институции и понекогаш и низ етничките заедници. Но, по изборите ќе направиме ресет на системот, за да да изградиме правна држава и непристрасно правосудство.“ – истакна Христијан Мицкоски во Македонски Брод.

Обраќајќи се на овој митинг во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година, со слоганот ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! Мицкоски укажа дека неопходните реформи и ресетот на системот ќе донесат подобар живот и владеење на правото. Тој истакна дека судството мора да биде непристрасно и непокорливо, судиите да судат според законот, а не според влијанија.

Време за ресет на системот, време да ги скршиме веригите на неправдата и да изградиме држава на правда, слобода и грижа за секого. Судството мора да биде непристрасно и непокорливо, со судии кои судат според законот, а не според влијанија; со институции, кои штитат, а не кои молчат; со постапки, што враќаат доверба, а не да создаваат сомнеж. Правдата не смее да биде привилегија на малкумина, туку право на секој граѓанин. Правдата мора да биде брза, достапна и ефективна. Слободата не е само збор во уставот, туку жив начин на живот: слобода на мислење, слобода на говор, слобода од страв и притисок. Здравствениот систем ќе биде столб на оваа држава, со современи болници и достапни лекови, со стручен кадар и превенција, што штити семејства, наместо да ги остави ранливите сами да се борат. Ќе поставиме јасни правила, отворени, прозрачни и никаква толеранција кон корупцијата, која потопува животи и ја кочи промената. Овој ресет ќе биде праведен, но безмилосен кон оние, што го злоупотребувале народот. Ќе ги вратиме одговорноста и достоинството. Ќе изградиме систем, на кој ќе му служиме гордо. Заедно ќе ја допреме вистината, заедно ќе ја браниме слободата, заедно ќе ги исцелиме институциите и никогаш повеќе неправдата нема да биде нашата судбина. Не можеме да го чекаме утрото додека ситни и големи сопирачки ја задушуваат работата на државата. Тоа се сопирачки, што се вградени во институциите, и кои дејствуваат тајно, или без сокривање. На сите нивоа, од најмалите служби до поголемите структури, постојат елементи кои функционираат како дел од една длабока држава не само во едно министерство, или една партија, туку во мрежи. кои понекогаш се шират низ партии, институции и понекогаш и низ етничките заедници. – истакна премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој додаде дека најавениот ресет не е реванш, туку враќање на довербата во институциите и владеење на правото.

„Ова не е напад врз народот, ова е повик на одговорност: каде што имало злоупотреба, ќе има истрага; каде што имало влијание, ќе има отвореност; каде што имало корупција, ќе се воведе сила на правото. Ние нема да дозволиме никој да се крие зад објави на општествените мрежи, или зад мандати, додека ги краде можностите на граѓаните. Најавуваме судска реформа, реформа на правосудството, реформа на администрацијата и целосна дигитализација на услугите, ќе ги сосечат вкоренетите врски и ќе ги вратат институциите кај граѓаните. Овој ресет не е одмазда, туку вразумување: чесноста ќе биде мерило, отчетноста ќе биде правило, а слободата и правдата повторно ќе станат неприкосновени вредности. Јас и оваа Влада ќе работиме со цела сила, рамо до рамо со граѓаните и со партнерите, што веруваат во правото, за да изградиме држава, во која институциите служат на народот, а не на сопствени интереси. Заедно ќе го направиме тој ресет. Заедно ќе ја вратиме довербата. – истакна Мицкоски.

Тој ги повика граѓаните да излезат на 19 октомври и да гласаат масовно за број 9.

„Мене ми се јасни триковите и подземни коалиции на опозицијата, но нема да го коментирам тоа. Затоа е многу е важно да излезете на избори и да гласате. Македонија е исправена и подготвена да оди напред! Нема поголема сила од народот, што верува, од народот, кој знае што сака и кој знае дека иднината е во негови раце. Нашата борба не е само за една општина, не е само за еден град. Нашата борба е за секое семејство, за секое дете, што сака подобро училиште, за секој млад човек, што сака работа и кој останува тука, дома, во Македонија. Нашата борба е за достоинството на секој еден граѓанин. Излезете и гласајте за број 9. – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вчерашниот народен митинг во Македонски Брод.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Трендафилов се претставува како жртва, а зема плата од скоро 1.000 евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Од пратеничката група сметаат дека Слободан Трендафилов ќе остане запаметен како „синдикалец“ кој нема склопено ниту еден договор корисен за македонскиот работник во текот на целиот негов мандат. Сметаат дека нападот врз Стојаноска е само доказ за немоќта на еден функционер кој го изгубил компасот и велат дека Трендафилов треба веднаш да си поднесе оставка и наместо да глуми жртва по медиуми, да подготви одбрана пред истражните органи за своето расипништво.

За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ видеото со децата на Трендафилов не е напад врз семејство

За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ објавеното видео не е напад, туку „огледало во кое Трендафилов не може да се погледне“, а „нападот“ врз Стојаноска бил само доказ за немоќта на еден функционер кој го изгубил компасот и кој кога нема аргументи, се служи со навреди и етикетирања.

(Фото): Претседателот на ССМ, Трендафилов, бара истрага – вели: „Ми ги следат децата“

Во пресрет на блокадата од страна на ССМ кон бизнис секторот, а во врска со барањата за минималната плата и повисоки плати на работниците, претседателот на ССМ Трендафилов побара сите надлежни институции да реагираат на објавата на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска. Трендафилов бара кривичен прогон за лицата кои ги следеле неговите деца.

Цветановски: Изјавите на Лејла Кадриу за случувањата во СЈО не се изненадување за правосудната фела

„Можеби за дел од јавноста изјавите на колешката Кадриу беа изненадување, но сигурен сум дека за правосудната фела, особено моите колеги обвинители, не. Кадриу само го потврди тоа што потајно се шпекулираше за случувањата зад затворени врати во СЈО. Сега тоа не се шпекулации, туку потврдување од сведок кој лично ги увидел состојбите“, вели обвинителот Јово Цветановски во интервју за „Република“ .

ВМРО ДПМНЕ: Не Стојановска, туку Трендафилов да одговара за злоупотреба на службено возило за приватни цели!

„Наместо да се сокрие од срамот пред македонскиот работник, претседателот на Сојузот на синдикатите Слободан Трендафилов одбра со невидена дрскост, паника и нервоза да ја напаѓа пратеничката Дафина Стојаноска, глумејќи жртва за да го прикрие сопствениот скандал. Додека лицемерно ги повикуваше пратениците да одат пешки, ‘синдикалецот’ Трендафилов истиот ден се појави на протест со службено возило, а јавноста веќе виде како тоа исто возило се користи за семејни потреби како да е негова приватна сопственост.“ – реагира пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Украл бакарни кабли вредни 200 илјади евра од градилиштето за подземниот булевар во Скопје!

Вработен во обезбедувањето на подземниот булевар во изградба кај комплексот Дајамонд во центарот на Скопје заврши со лисици на рацете. Полицијата го товари дека за еден месец украл околу два километра бакарни кабли од градилиштето за подземниот булевар. Според информацијата на МВР вредноста на украдените бакарни кабли изнесува околу 200 илјди евра.

ВМРО-ДПМНЕ предлага уште пет години рок за легализација на бесправно изградените објекти

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, по скратена постапка, за да не останат граѓаните со нерешени статуси за своите домови, поради административни пречки, или бавни процедури.

Најнови вести

To top