Македонија

Мицкоски: Претходните прифатија се’, но не и ние во „спорот“ со Бугарија

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, нагласува дека нема аргументи за прифаќање на бугарските барања и изрази жалење што претходно корумпираните политичари прифатиле сè за да останат на власт. „Ако го прошириме нашиот Устав за да вклучиме повеќе етнички групи, бидејќи има Албанци, Срби, Турци, Роми, Бошњаци и така натаму, тогаш се поставува прашањето, што […]

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, нагласува дека нема аргументи за прифаќање на бугарските барања и изрази жалење што претходно корумпираните политичари прифатиле сè за да останат на власт.

„Ако го прошириме нашиот Устав за да вклучиме повеќе етнички групи, бидејќи има Албанци, Срби, Турци, Роми, Бошњаци и така натаму, тогаш се поставува прашањето, што се случува со Македонците од другата страна на границата кои живеат во западна Бугарија?

Ако од една страна барате да бидете конститутивен народ поради некаков предлог што корумпираните политичари во минатото го прифатиле, мислејќи дека на овој начин ќе останат на власт, дека ќе им бидат простени сите криминални скандали што ги сториле, а од друга страна имате 14 одлуки на Судот за човекови права кои велат дека таму постои Македонска заедница која има свои права да се организира во клубови и организации, а не ја почитувате Резолуцијата што ја потпишавте за заштита на човековите права, таква Резолуција потпишала и Бугарија, тогаш се поставува прашањето кој е контрааргументот“, изјави Мицкоски во интервју за „Еуроњуз Србија“.

Тој нагласи дека е лицемерие и двојни стандарди да се излезе и да се каже дека тоа мора да се направи затоа што тие се таму каде што сакаме да бидеме и дека тие не мора да го прават тоа.

Најнови вести од: Македонија

Германија и Франција бараат „Европа со две брзини“ – Г6 ќе ги води промените без консензус од сите

Германија и Франција се залагаат за забрзување на клучните политики на Европската Унија преку воведување на систем со две брзини, кој би им овозможил на водечките економии да напредуваат без потреба од консензус од сите 27 земји-членки, пишува The Washington Post.

Тетово добива модерна гимназија: Мицкоски, Касами и Јанева на свеченото отворање

Новата реконструирана зграда на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово денеска официјално беше пуштена во употреба, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот на Тетово Биљал Касами и министерката за образование и наука Весна Јанева.

To top