Македонија

Мицкоски: Производството на храна ни е исклучително важно, земјоделците се приоритет на оваа Влада(ВИДЕО)

Колку повеќе произведуваме, толку помалку увезуваме.

Колку повеќе произведуваме, толку помалку увезуваме. Македонија во минатото беше позната како земја производител и извозник на храна, посебно на земјоделски производи. Така и ќе продолжиме во иднина, рече Мицкоски.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изрази големо задоволство од резултатите во откупот на земјоделските производи, истакнувајќи ги позитивните податоци објавени од Државниот завод за статистика.

Во вториот квартал имаме околу 60 милиони евра повеќе споредено со она што беше во минатото. Имаме над 26-27% повеќе откупени земјоделски производи споредено со истиот период минатата година кои што како количина се за 7% повеќе споредено со истиот период лани. Земјоделците се еден од приоритетите на оваа Влада, тоа го покажавме изминативе 14 месеци. И очекувам во таа насока да продолжиме и во иднина затоа што производството на храна ни е исклучително важно. Колку повеќе произведуваме, толку помалку увезуваме. Македонија во минатото беше позната како земја производител и извозник на храна, посебно на земјоделски производи. Така и ќе продолжиме во иднина, рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top