Македонија

Мицкоски: шест милијарди евра инвестиции од Велика Британија

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски од Тирана за ДВ потврди дека е усогласен стратешки договор со Обединетото кралство од кој Македонија треба да добие инвестиции во вредност од 6 милијарди евра. „Македонската јавност ќе биде сведок на договор за стратешко партнерство којшто ќе овозможи инвестициски циклус од 6 милијарди евра во делот на инфраструктурата, железницата, транспортот, […]

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски од Тирана за ДВ потврди дека е усогласен стратешки договор со Обединетото кралство од кој Македонија треба да добие инвестиции во вредност од 6 милијарди евра.

„Македонската јавност ќе биде сведок на договор за стратешко партнерство којшто ќе овозможи инвестициски циклус од 6 милијарди евра во делот на инфраструктурата, железницата, транспортот, здравството итн.“, изјави премиерот Христијан Мицкоски веднаш по завршувањето на средбата со британскиот премиер Кир Стармер на маргините на самитот на Европската политичка заедница кој се одржува во Тирана Албанија.

Мицкоски рече дека македонската јавност ќе ги дознае сите детали од договорот во наредните денови. Договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство (ОК) е потпишан на ниво на влади, и тој, според Мицкоски „е привилегија“ бидејќи се работи за една од светските велесили.

Според извори на ДВ, договорот со Обединетото кралство не опфаќа прифаќање на одбиени баратели на азил од таа земја.

Стармер во четврокот од Тирана соопшти дека Велика Британија е во преговори со повеќе земји за создавање „центри за враќање“ на одбиени баратели на азил.

„Во тек се разговори со повеќе држави за воспоставување вакви центри за враќање“, рече Стармер. Според владини извори, договорот меѓу Македонија и ОК не содржи таква одредба.

Најнови вести од: Македонија

„Граматиката“ на Блаже Конески од 1952 – силен научен противудар кон бугарско-грчките негирања на македонскиот јазик!

„Корените на нашиот денешен литературен јазик се впиваат во наследството на писменоста, што од векови наваму носи во Македонија самобитно јазично обележје.“ – има напишано, покрај другото, еден од архитектите на македонскиот национален идентитет и на македонскиот јазик Блаже Конески во уводот на својата „Граматика на македонскиот литературен јазик“, објавена на денешен ден, на 13 октомври 1952 година. Издавањето на ова дело е еден од најзначајните датуми не само во јазичната, туку и националната историја на македонскиот народ. Најголемиот пораз за негаторите на мајчиниот јазик на Македонците е фактот што „Граматиката“ веднаш добива меѓународен легитимитет од најугледните светски лингвистички умови и од светските славистички центри: таа е веднаш прифатена од водечките слависти во Франција (Андре Вајан), Русија, Германија и САД. Речиси истовремено со Конески американскиот професор од Универзитетот Харвард Хорас Лант ја објавува својата прва македонска граматика на англиски јазик .Светската наука уште во 50-тите години од минатиот век ја затвори расправата, која денес сѐ посилно, но и сѐ почајно особено Грција и Бугарија се обидуваат повторно да ја отворат со политички фалсификати.

To top