Македонија

Мицкоски вети 150 нови возила за Итната медицинска помош (ВИДЕО)

Во Скопје се вози само со 7 исправни возила, а има многу градови кои немаат  исправно возило на Итна медицинска помош. Зошто? Затоа што со децении ништо не се направило, рече премиерот

 

Во текот на следната година, Владата донесе одлука да набави 100 возила за Итната медицинска помош, информира премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за време на промоцијата на новите возила за македонската полиција.

-Вредноста на тој проект е околу седум ипол милиони евра. Во 2027-ма година ќе бидат набавени уште 50  како резултат на донација. Значи отприлика околу 150 нови возила за Итната медицинска помош ќе имаат здравствените домови.

Во Скопје се вози само со 7 исправни возила, а има многу градови кои немаат  исправно возило на Итна медицинска помош. Зошто? Затоа што со децении ништо не се направило, рече Мицкоски.

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска во кругот на МВР ги промовираа новите автомобили наменети за макдонската полиција.

НА ВИДЕОТО по 25 минута

Најнови вести од: Македонија

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Општина Кисела Вода денеска започна со интензивна теренска акција за справување со хаварисаните возила кои со години ги узурпираат паркинг местата, тротоарите и зелените површини низ општината

To top