Македонија

Мицкоски за булингот врз Македонија: Уште ако може да не сме Македонци – најдобри ќе бидеме

Кај сме ние денес? Онаму кај што бевме пред 25 години

Премиерот Христијан Мицкоски при извршениот увид на изградба на нова спортска сала во ООУ „Блаже Конески“ во Аеродром одговараше на новинарски прашања.

– Следната година треба да вратиме повеќе од 2 милијарди евра, поради задолжувања од минатото, не од оваа Влада, во буџет од повеќе од 6 милијарди евра. Тука треба да имаме пензии, социјални трансфери плати, комунални трошоци, и треба да вратиме повеќе од 2 милијарди евра. Некој којшто душмански ја задолжил државата и неродените генерации.

Мицкоски праша: Ако јавноста мисли дека треба да ги дуплираме платите на обвинителите и судиите слободно да кажат, и ја понуди својата плата како донација.

– Да судат и обвинуваат согласно закон, а не како што прават до сега, потенцира Мицкоски.

Тој кажа дека знае за обвинувањата што следат кон него, но не може, моралот не му дозволува да се согласи за зголемување на плати на луѓе коишто имаат никаков рејтинг.

-Ако тоа е клучната реформа која треба да ја направиме, јас нема да ја направам и не можеме ние да одвоиме повеќе пари од буџетот за независно финансирање на обвинителство и судовите од најразвиените земји во Европската Унија. Тоа не можеме да го направиме, рече Мицкоски.

-Ова се реформите и јавноста треба да знае дека реформите се за повисоки плати. Реформите не се за некои суштински измени или незнам какви. Такви има во Кривичниот законик и тоа го правиме под притисок на одлуката на Уставниот Суд и тоа ќе го направиме до крајот на нова година да влазат во Парламент и да направиме една општа колентивна амнестија во општеството и сите криминалци што се во затвор да излезат, рече тој.

Мицкоски истакна дека секој треба да има одредена одговорност пред да донесе било каква одлука.

-Претходната Влада го измени Кривичниот законик така што направија да имаат многумина политичка амнестија и сега кога ќе го смениме ние без разлика дека ќе покренеме дело против некој од претходната Влада, тој ќе се повикува на тој што го донесоа на шверцерски начин во Парламентот под европско знаме. Тогаш сите молчеа што денеска се гласни. А, денеска ми велат Извештајот вели така и така. Каде бевте тогаш? Срамежливо стоеше една реченица во Извештајот. Зашто? Затоа што мислеа дека на тој начин ќе направат притисок врз ВМРО-ДПМНЕ преку некои поранешни структури, да се промени Уставот. Не им успеа. Повторно е ВМРО-ДПМНЕ виновен. Мораме да ги кажуваме работите како што треба, не окана како што некој сака да ни ги претстави. А ние ќе направиме се што е во наша моќе да ја завршиме домашната задача, рече Мицкоски.

Пред 8 години кога менувавме имиња и презимиња ни велеа дека сме „фронт ранери“. И кога ќе смениме име и презиме за 3-4 години сме во Европската Унија, тие 3-4 години изминаа пред 3-4 години. Кај сме ние денес? Онаму кај што бевме пред 25 години. Да го смениме Уставот најдобри ќе бидеме и уште ако може да не сме Македонци, да сме нешто друго – најдобри ќе бидеме, онака како што некој ни прави булинг и сака да ја стопира Македонија да напредува во Европската Унија, рече Мицкоски.

Тој потенцира дека оваа Влада нема да го дозволи тоа.

Најнови вести од: Македонија

Бугарскиот фашистички окупатор мртва ја масакрирал Невена Георгиева-Дуња (17) и главата на кол ѝ ја носел низ Велешко, за да го заплаши востанатиот македонски народ

Во декември 1942 година Невена Георгиева – Дуња, македонската револуционерка, организатор и учесник во оруженото востание во Македонија од 1941 година, херојски ја положува својата неодживеана младост во темелите на македонската држава, загинувајќи на 17 години во борбата со бугарските фашистички окупатори. Но не била прогласена како народен херој и со тоа ѝ била нанесена несфатлива историска неправда.

Дрска провокација на Сила: Протестот во Скопје ќе се одржи со, или без поддршка од институциите на РСМ! – Не го поканивме Мицкоски да присуствува!

Дали потпретседателот на Организацијата на ветерани на УЧК од меѓународниот протекторат Косово Газменд Сила смета дека Република Македонија не е суверена држава, па си дозволува и тој и неговите содејци од нивната организација да организираат протест во држава, која нема никаква врска со нивните мотиви, поради кои сакаат да протестираат?! Или тие си мислат дека веќе можат да доаѓаат во главниот град на Македонија да протестираат, „со или без поддршка и дозвола на нејзините институции“, бидејќи ја добиле „главната дозвола и согласност“ на еден опозициски политичар и лидер на партија – Али Ахмети на ДУИ, кој не е никаков фактор да одлучува за такво нешто?!

(Видео): Универзитетите со најдобри резултати ќе добијат најмногу пари од буџетот, рече Јаневска

Претходниот закон за високо образование беше многу лош, ова го кажувам каде дел од академската фела, а не како министер, вели Јаневска. Таа рече дека Законот за високо образование, Законот за квалитет во високо образование и науката и Законот за научно истражување во ист момент ќе одат во собранието бидејќи се поврзани.

Чучуљ: Ја поздравуваме секоја иницијатива за борба против корупцијата, ќе постапуваме секаде каде има основа

„Секогаш треба да се има предвид дека Државната комисија за спречување на корупцијата е превентивно тело и нашите капацитети се ограничени во врска со истрагата. Ние во нашиот дел секогаш постапуваме.“ – истакна новиот претседател на Антикорупциската комисија Адем Чучуљ во вечерашното гостување во централниот дневник на телевизија „Сител“ како одговор на повикот, што го упатија до него пред три дена „антикорупционерите“ од СДС „веднаш да се зафател со случајот“, за кој оваа партија тврди дека е „корупциски скандал тежок девет милиони евра, поврзан со власта“. Ставот на Чучуљ е и негово позиционирање во врска со најавите на опозициската СДС дека од утре ќе објавува „снимки за коруптивното работење на власта“.

Порака за солидарност и човечност – Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски волонтира на терен со Црвениот крст

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на Светскиот ден на волонтерството, беше волонтер во Црвениот крст. Тој порача дека и оваа година, Град Скопје стои рамо до рамо со волонтерите како поддржувач, сојузник и активен учесник во создавањето на поодговорно, похумано и посолидарно општество.

Ахмети повикува на протест во Скопје за осудените водачи на ОВК: „Правда за ослободителите“

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, најави голем протест во Скопје на 13 декември 2025 година под мотото „вистина и правда за водачите на ОВК“, кои во моментов се судат пред Специјалниот суд во Хаг за наводни воени злосторства.

Најнови вести

To top