Македонија

Милошоски: Европските лидери молчеа тогаш, нека молчат и денес

Оваа реакција доаѓа по изјавата на министерот Муцунски, кој ја поздрави американската акција и упати пофалби до администрацијата на САД во борбата против нарко-криминалните мрежи поврзани со режимот на Мадуро.

Пратеникот Антонио Милошоски ја поврза актуелната геополитичка ситуација околу Венецуела со искуството на Република Македонија пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг и го оцени ставот на земјата како правилен и навремен.

Во објава на социјалните мрежи, Милошоски потсети на пресудата од 2011 година, со која МСП утврди дека Македонија била неправедно спречена да добие покана за членство во НАТО на самитот во Букурешт во 2008 година.

„Кога Македонија ја доби пресудата пред МСП во Хаг во 2011 година, половина од европските лидери кои денес држат лекции за почитување на меѓународното право, тогаш молчеа. Тие се правеа како нашата држава да не важи меѓународната судска норма на највисокиот суд на Обединетите нации“, напиша Милошоски.

Тој додаде: „Штом молчеа тогаш, нека си молчат и денес“, алудирајќи на критиките за американската операција за заробување на Николас Мадуро, која, според него, создава преседан за селективна примена на меѓународното право.

Милошоски го пофали ставот на Македонија, изразен преку министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, како „навремен и правилен“.

„Кратко и јасно – поддршка за администрацијата на нашите стратешки партнери од САД. Светот влегува во нова геополитичка динамика, а Македонија, како членка на ОН и НАТО, легитимно и проактивно треба да го следи својот интерес“, истакна тој.

Пратеникот оцени дека новата ситуација во Венецуела претставува можност за мирна економска и демократска транзиција.

„Од автократија, земјата има прилика да стане демократија без политички затвореници и нарко-картели, и да биде стопански развиена држава во интерес на сите граѓани“, рече Милошоски.

Оваа реакција доаѓа по изјавата на министерот Муцунски, кој ја поздрави американската акција и упати пофалби до администрацијата на САД во борбата против нарко-криминалните мрежи поврзани со режимот на Мадуро.

Најнови вести од: Македонија

Утре уште една евакуација на македонски државјани од Блискиот Исток

Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) синоќа ги информираше македонските државјани во Бахреин дека утре в (среда) ќе поаѓа автобус од Бахреин за Ријад, од каде со специјален лет ќе се вратат во земјава

ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини не ни требаат

ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на предлозите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за економски мерки во услови на раст на цените на горивата, оценувајќи дека тој нема никаков кредибилитет да дава совети за управување со кризи.

Претседателката Сиљановска-Давкова во комеморативна посета на Треблинка

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, заминува во работна посета на Полска, каде што ќе присуствува на свеченото комеморативно одбележување на трагичната судбина на македонските Евреи во време на Холокаустот.

To top