Македонија

Милошоски: Македонија меѓу предводничките по постигнатите реформи во рамките на Реформската агенда од Планот за раст на ЕУ

Проценката на Европската комисија, ѝ дава за право на владејачката партија да упати апел до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, да не ги попречува законите кои се дел од обврските од Реформската агенда, меѓу кои и Изборниот законик, и да покаже прагматичност во интерес на државата

Пратеникот и член на Извршниот комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски денеска  изјави дека го поздравуваат планот на Европската комисија (ЕК) за пренасочување на средствата наменети за реформи во Западен Балкан кон земјите што важат за предводнички во тој процес, како Црна Гора, Албанија и Македонија.

Euronews: Македонија како ,,фронтранер” ќе добие повеќе пари од ЕУ за успешните реформи

Милошоски, повикувајќи се на, последните анализи на Европската комисија, рече дека уште еднаш се потврдува дека Македонија заедно со Албанија и Црна Гора е признаена како фронтранер, односно предводник во постигнатите реформи во рамките на Реформската агенда од Планот за раст на Европската Унија.

„Според правилата на планот за раст на Европската комисија, финансиската поддршка којашто се насочува кон земјите кандидати е условена од степенот на постигнати реформи и тука Албанија, Македонија и Црна Гора се оценети со највисока оценка за разлика од други земји кандидати во регионот“, рече Милошоски.

Според него, оваа потврда на извршното тело на Европската Унија дека Македонија ги спроведува обврските од Реформската агенда, истовремено е и мотивација за Владата и за парламентарното мнозинство да продолжи со ова темпо.

„Како држава ја поздравуваме оценката на Европската комисија, како и нивниот план за релокација на средства од Планот за раст, при што од оние земји коишто постигнале послаби реформи би се одзеле одреден дел на средства и истите би се алоцирале кон Албанија, Македонија и Црна Гора како земји коишто предничат во спроведувањето на реформите согласно Реформската агенда“.

Проценката на Европската комисија, рече Милошоски, ѝ дава за право на владејачката партија да упати апел до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, да не ги попречува законите кои се дел од обврските од Реформската агенда, меѓу кои и Изборниот законик, и да покаже прагматичност во интерес на државата.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, затоа ја добивме довербата од нив!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при претставување на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на бруто-домашниот производ се очекува да продолжи и оваа година и  да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти.

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

Мицкоски: Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, кои ќе ја засилат економската соработка со Унгарија

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска од Будимпешта порача дека Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, нагласувајќи дека економската соработка со Унгарија има значителен потенцијал за раст.

Најнови вести

To top