Македонија

Милошоски: Во Македонија нема да се градат бегалски кампови

Прецизен одговор

Во Македонија нема да се градат бегалски кампови, категорични се од ВМРО ДПМНЕ, а тоа, како што рече денеска на прес -конференција пратеникот Антонијо Милошоски, во изјава го потврдил и амбасадорот на Oбединетото кралство во земјава.

– Британија откако излезе од ЕУ со сите земји од Западен Балкан, но и со самата ЕУ склучува вакви договори каде што Британија ја враќа легалната основа на Фронтекс за борба против организирана, нелегална, миграција….Тоа го прави со овој дополнителен механизам кој е комплементарен со Фронтекс. И на крај, нема подобар демант за ваквите спинови од на некои опозициони партии од изјавата на британскиот амбасадор кој изјави дека Британско – македонскиот стратешки договор предвидува и потврдува  инвестирање во инфраструктура, во образование  и во одбрана, но не предвидува во Македонија изградба на бегалски кампови во Македонија – рече Милошоски.

Тој реагираше на изјавите на опозиционите партии кои се потпираат на текст на британски медиум дека Британија преговара со Македонија за изградба на бегалски кампови во кои ќе бидат примани мигранти од Велика Британија.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top