Македонија

Министерот за спорт: Студентите од УКИМ ќе добијат спортска сала

Спортската сала која првенствено е наменета за студентите на Универзитетот, со години беше вон употреба поради запуштеност на објектот

Реконструкција на спортската сала во кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје што се спроведува во соработка со ректоратот на УКИМ, во рамките на програмата за изградба и санација на спортската инфраструктура, најави Министерот за спорт, Борко Ристевски.

Инвестицијата за реализација на овој инфраструктурен проект изнесува 54 милиони денари.

Спортската сала која првенствено е наменета за студентите на Универзитетот, со години беше вон употреба поради запуштеност на објектот.

„Ова не смее да биде лицето на спортот во Македонија!“ – порача министерот за спорт, Борко Ристовски, по увидот на состојбата во која е затекнат овој спортски објект.

Како што објави, од страна на УКИМ изработен е и доставен целосен проект за реконструкција на спортската сала и поднесено е барање за добивање на одобрение за реконструкција до Министерството за транспорт и врски, по што Министерството за спорт на почетокот на месец октомври годинава ја отпочна тендерската постапка за избор на изведувач.

„Ветувањата имаат тежина само ако ги остварувате! Ветувањето дадено по моето назначување за министер за спорт, за комплетна реконструкција и санација на спортската сала на УКИМ, добива конкретна реализација.

Министерството за спорт го објави јавниот повик за избор на изведувач и можам да најавам дека студентите наскоро ќе имаат комплетно нова сала“, објави министерот Ристовски., пренесува „Лидер“

Најнови вести од: Македонија

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

Над 20.000 Македонци ја напуштија земјата за продолжениот викенд

Министерството за внатрешни работи вели дека сите човечки и технички капацитети се ставени во функција за забрзување на протокот на патници. Пракса е речиси секој продолжен викенд голем дел од македонските граѓани да го поминуваат во странство

To top