Македонија

Министерство за здравство: Сите хирургиски сали во Клиничкиот центар се во целосна функција

Министерството за здравство информира дека во моментов сите хирургиски сали во Клиничкиот центар во Скопје се во целосна функција. Од клиниките за торакална хирургија, кардиохирургија, урологија, детска хирургија, пластична хирургија, дигестивна хирургија и ОРЛ информираат дека непречено ги третираат сите пациенти, вклучително и пациентите предвидени за елективни оперативни зафати. Во овие клиники нема одложување на оперативната програма. На Клиниката за ТОАРИЛУЦ во моментот се згрижуваат итните пациенти, согласно тековната организација на работата.

Според најновите информации, резервниот систем за климатизација функционира непречено и обезбедува соодветни услови за работа и третман на пациентите во клиниките.

Бројот на хирургиски интервенции бележи намалување во летниот период, што е вообичаена појава и не е поврзана со состојбата на системот за климатизација.

Апелираме сите информации поврзани со функционирањето на здравствениот систем да бидат претходно проверени, со цел да се избегне создавање непотребна загриженост кај граѓаните, додаваат од Министерството за здравство.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top