Македонија

Мицкоски: „А, ако се урнеме и починеме, тогаш ќе стане јасно зошто ни треба нов авион“ (ВИДЕО)

Воздухопловот е во возна состојба, и тие кои го управуваат иницираа да се создадат средства да се набави нов

По обвинувањата на опозицискиот СДСМ дека власта размислува за набавка на нов владин авион, наместо тие пари да ги пренасочи за плати на работниците и инфраструктурни проекти, премиерот Христијан Мицкоски рече дека Владата се откажува од набавката на нов воздухоплов.

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска на новинарско прашање рече дека Владата ќе се откаже од набавка на нов владин авион.

Тој кажа дека по средбите со лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека тој му ветил дека нема да се критикува Владата поради набавка на нов авион, но тоа не се случило.

„Воздухопловот е во возна состојба, и тие кои го управуваат иницираа да се создадат средства да се набави нов. Гледам од опозицијата реагираат, иако на неколкуте средби што ги имав со лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче, тој беше многу јасен дека за ова нема да ја критикува владата, дека утре ќе биде друга влада, а воздухоловот ќе се користи за хуманитарни цели, и не го одржа зборот.

И еве, ние се откажуваме поради тоа, а ако се урнеме и починеме, тогаш ќе стане јасно зошто ни треба нов авион“, рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Општина Кисела Вода денеска започна со интензивна теренска акција за справување со хаварисаните возила кои со години ги узурпираат паркинг местата, тротоарите и зелените површини низ општината

To top