Македонија

Мицкоски: Ако се обединиме како регион, можеме да привлечеме огромни енергетски инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски во синоќешното интервју во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа предложи Западен Балкан заеднички да настапува во привлекување на огромните идни енергетски инвестиции кои ќе бидат потребни за задоволување на растечките потреби на светот.

Премиерот Христијан Мицкоски во синоќешното интервју во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа предложи Западен Балкан заеднички да настапува во привлекување на огромните идни енергетски инвестиции кои ќе бидат потребни за задоволување на растечките потреби на светот.

Тој се повика на учеството во една од панел-дискусиите на Светскиот економски форум во Давос, каде заедно со директорот на Светската енергетска агенција Фатих Бирол, американскиот секретар за енергетика, првите луѓе на АЕС и Арамко, разговарале за енергетските предизвици во следната деценија.

„Бирол посочи дека потребите за електрична енергија во светот во следната деценија ќе растат два и пол пати побрзо отколку вкупните потреби за енергија. Во следните десет години ќе недостасуваат околу 40.000 теравати инсталиран капацитет. За споредба, тоа е моменталниот вкупен инсталиран капацитет на САД, Канада, Европската унија и Јапонија заедно“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека ако Западен Балкан се појави како единствен регион и успее да привлече само 0,1% од тие 40.000 теравати, станува збор за 4 теравати инсталиран капацитет. Со просечна цена од еден милион американски долари за инсталиран мегават, тоа би значело 4 трилиони долари вкупни инвестиции, односно 400 милијарди долари годишно во период од 10 години.

„Вкупниот номинален БДП на сите шест балкански земји е 250 милијарди долари. Само со 0,1% од потребите на светот, ние би можеле да генерираме инвестиции далеку поголеми од нашиот вкупен БДП“, потенцираше премиерот.

Мицкоски најави дека веќе разговарал со дел од колегите од регионот и дека на следниот состанок ЕУ – Западен Балкан во Подгорица ќе ја предложи оваа регионална иницијатива. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, предложил иницијативата да се брендира како SECI – Skopje Electricity Connectivity Initiative, а првиот состанок да се одржи во Скопје.

„Со ова сакаме да покажеме дека можеме да се обединиме околу повисока цел и заеднички да го претставуваме регионот пред големите инвеститори. Тоа е корисно и за Европа, но и за нас како регион“, заклучи Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Премиерот предупреди: Во владата има луѓе што не го даваат максимумот

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во интервју за „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа порача дека Владата дава максимум во работењето, но истакна дека кај одредени поединци има дилеми и задршки.

To top