Македонија

Мицкоски: Ќе дојде ден кога незрелите лидери од опозицијата ќе се срамат, поради тоа им го прават на Македонија и граѓаните

Ќе дојде денот кога ќе се срамат за она што им го прават денеска и на граѓаните и на Македонија – рече кусо македонскиот премиер Христијан Мицкоски како одговор на постојаните напади од опозицијата дека власта го кочи евроинтегративниот процес на Македонија.

Премиерот вели дека со обидува да не ја коментира опозицијата, бидејќи смета оти нејзиното раководство не се занимава со државна политика, туку со личен напад врз него.

– Не сакам да коментирам ваков начин на незрело однесување на лидерството во опозицијата. И ќе го задржам ова право да не го коментирам. Еве, ќе се обидам со една реченица да кажам – ќе дојде денот кога ќе се срамат за она што им го прават денеска и на граѓаните и на Македонија – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по пуштањето во употреба на детската градинка во Шуто Оризари.

Во врска со најавата од опозицијата дека ќе поднесат предлог закон за ветинг на функционерите поранешни и актуелни, Мицкоски истакна дека нема потреба да се чека таков закон и оти и сега има институции и механизми преку кои може да се направат проверки.

– Па нека има предлог-закон, никој не го оспорува тоа. Но и сега може Управата за јавни приходи да направи ветинг, да провери. Имаат и сега алатки да проверат како се стекнува со златни визи во егзотични дестинации како Дубаи, колкав влог треба за да се стекнете со таква виза, како се ужива на скапи јахти на егејското крајбрежје итн. Управата за јавни приходи и сега може да провери и како политичари возат скапи автомобили сопственост на фирми, кои добивале тендери за јаглен, па како средствата се уплаќани на фирми во Бугарија… – рече Мицкоски. сст/паг/

 

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top