Македонија

Мицкоски: Македонија се соочува со сериозен проблем со демографијата, мора да размислуваме за иднината, за 15 до 25 години можеби 150 до 250 илјади луѓе ќе недостасуваат!

Премиерот Христијан Мицкоски во поткастот „Каде се парите“ со Горан Теменугов зборувајќи за демографската слика истакна дека Македонија се соочува со сериозен проблем на ова поле, па затоа треба да се прават анализи и да се размислува неколку децении однапред со цел потентните млади луѓе да останат и да придонесуваат за македонската економија.

-Апсолутно ќе дојде време, можеби не сега, но за некои 15, 20-25 години целосно да се смени демографската слика во Македонија. Од денешна перспектива за 15, 20 – 25 години можеби едно 150 до 250 илјади луѓе ќе ни недостасуваат во Македонија. Каде е проблемот? Тоа е една верига. Ако има Европа проблем со демографијата, а има поголем и од нашиот, тогаш дел од нашиот потенцијал оди таму. Без разлика на понатамошниот нивен развој како личности и како луѓе итн. тие создаваат празен простор овде. За да може оваа економија да се развива ќе мора некој да го пополни тоа и логично е од трети земји луѓе, работници да дојдат и да го пополнат тој празен простор кој што ќе го оставаат тие коишто ќе заминат во Западна Европа. Така што, ако во Западна Европа демографската слика се подобри и влеземе во состојба 2,1 родност, тогаш потентните млади луѓе ќе останат тука и ќе придонесуваат кон македонската економија, нагласи Мицкоски.

Тој нагласи дека и покрај тоа што оваа е многу важна тема за понатамошниот развој на државата, кога зборува за семејство и демографија често е исмејуван и навредуван од, како што рече, одредени структури кои се талог на општеството, но кога се води држава и се сака да се остави трага, мора да се размислува и да се анализира долгорочно.

-Jас кога зборувам за семејство, кога зборувам за демографија, има одредени структури во општеството, јас го нарекувам талог на општеството, коишто ме исмејуваат, ме навредуваат, пишуваат лошо за мене итн., но тоа е едноставно иднината. Ако вие денеска не размислувате што ќе биде за 50, 75 -100 години вие не треба да се занимавате со оваа работа, барајте си друга работа, работа која што е ден за ден и терајте. Ако веќе ја водите државата, ја водите Владата, вие морате сите аспекти да ги анализирате неколку децении однапред, ако сакате да бидете човек кој ќе остави трага, посочи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

Модернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција во Велес

Новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“

Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Овој крст ќе нè потсетува и на болката и трагедијата што се случи овде во нашиот град. На повредените нека им подари здравје, сила и поткрепа да закрепнат и дај Боже постојано да останеме во заедница, во љубов со Бога, со силата на крстот

СДСМ бара истрага за 5,5 милиони евра за прославата

Пет милиони евра народни пари кога ќе се потрошат, граѓаните мора да знаат секој денар, секое евро каде завршило. Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски

Мицкоски: Потврдувањето на кредитниот рејтинг од страна на „Фич“ е уште една лоша вест за опозицијата

​Три години водат кампања дека секоја година само што не сме банкротирале, буџетот бил без пари, економијата назадувала и така натаму. ​Одговорите стигаат од сите страни, од Светска банка, од Меѓународниот монетарен фонд, еве и од сега од реномирани кредитни агенции како што е „Фич“

To top