Македонија

Мицкоски: Минималната плата се зголемува, повисоки примања од април

Откако сме како Влада избрани до сега, ги имаме регулирано односите со нашите колеги во најголем дел. Кога ќе кажам во најголем дел, тоа е 95 па и повеќе проценти, преку колективни договори кои што имаат краен рок на реализирање до 2028 година, изјави претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната седница на Економско-социјалниот совет.

Премиерот Мицкоски посочи дека за разлика од претходно, оваа Влада се однесува одговорно и презема обврски за реализирање само до мандатот до 2028 година. Се однесуваме одговорно. Одговорно во рамките на мандатот кој што сме го добиле од граѓаните, не преземаме обврски како тоа што било случај во минатото за периодот после 2028 година, односно после мандатот на оваа влада. Едноставно сакаме да сме одговорна влада. Влада која што ќе мора да ги реши сите оние напластени проблеми кои што се наследени од минатото, поради нестручното, несовесното и лошото менаџирање, прво со владините ресурси, а потоа и со креирање на политиките на државно ниво, рече тој.

Мицкоски додаде дека изминатиот период е постигнат договор со синдикатите УПОЗ и САДУ за повисоки плати на административците, посочувајќи дека во тој договор влегле и други синдикални организации кои што не биле дел од првичните преговори. Што се однесува до останатите параметри, нашиот став е јасен за јавноста и тука немаме никаква дилема. Последното кое што требаше да го затвориме како би рекол условно кажано отворено прашање, тоа беше договорот кој го потпишавме со синдикатите УПОЗ и САДУ и тоа го завршивме. Таму беа додадени и други синдикати кои што првично не беа дел од преговорите, но сакавме да имаме што е можно поголем опфат, и со тоа ние го затворивме и тоа отворено прашање, кое што некако лебдеше и на дел од седниците на Економско социјалниот совет, кажа Мицкоски.

Претседателот на Владата Мицкоски информираше дека на денешната седница е информација за висината на минималната плата која ќе биде во 2026 година согласно закон, укажувајќи дека очекува да помине оваа информација утре на владина седница. Денеска на дневен ред е информација за висината на минималната плата, која ќе биде во 2026 година согласно со закон. Очекувам дека на следната владина седница да го поминеме и како Влада и потоа нормално согласно висината на минималната плата од април за март да почне истата да се исплатува, истакна Мицкоски и додаде дека очекува двостраниот дијалог меѓу работодавците и работниците да продолжи во иднина да се интензивира.

Очекуваме да продолжи и да се интензивира двостраниот дијалог помеѓу работодавачите и работниците. Ние како влада секогаш стоиме на располагање да помогнеме во рамките на нашите можности и ингеренции. Се што е во рамките на институциите, институционален дијалог треба да се охрабри, затоа што само така може да се дојде до конструктивно решение. Вонинституционални механизми секогаш постојат, демократска држава е Македонија, но ценам дека искуство вели дека се што е во рамки на институциите носи решение. А се што е надвор од рамките на институциите, мислам дека не само што не носи решенија, туку апсолутно ги поларизира нештата, дециден е Мицкоски.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Пајазити: Има десет причини зошто треба Македонците да го учат албанскиот јазик, а не да го мразат! – Овој скандалозен пристап ги направи посиромашни!

„Повеќето Македонци живеат со Албанци со години и векови и не сакаат да го учат нивниот јазик. Не само што не го учат, туку и отворено го мразат и му се спротивставуваат отворено. Постојат десет причини зошто треба да го учат Македонците албанскиот јазик.“ – тврди Мухамер Пајазити од Куманово, професор по евроинтеграции во државниот Универзитет во Тетово, во својата колумна, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија – ИНА од Скопје.  

Се проширува истрагата за убиствата, за кои се сомничи Т.Б. дека ги извршил како можен сериски убиец – Му се заканува казна доживотен затвор

„Се проширува за уште едно убиство истрагата против овчарот Т.Б. од село Малотино, општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жителка на село Челопек се проширува за уште едно убиство. Ќе се ископува телото на друга жена.“ – изјави обвинителот Љубомир Лапе.

Транспаренти и графити низ Чаир заради „политичко мобилизирање“: Време е да ги направиме Албанците повторно господар на куќата!

„Денес во раните утрински часови, на неколку улици во општина Чаир во Скопје се појавија графити и пароли со политичка содржина. На натписите пишуваше: ‘Време е да ги направиме Албанците повторно господар на куќата!“ – оваа вест ја објави денес весникот на албански јазик „Лајм“ од Скопје.

Грчкиот премиер Мицотакис би можел да ја посети Македонија во наредниот период

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во следниот период би можел да ја посети Македонија, пишува грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на информации од дипломатски и политички кругови во Атина.

Дурмиши: Се чека став на работодавачите и на синдикатите за минималната плата и потрошувачката кошничка

Во однос на барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата, го повтори ставот дека Владата ќе го поддржи секое решение што ќе го договорат работодавачите и синдикатите

Најнови вести

To top