Македонија

Мицкоски: Можe ќе го намалиме ДДВ-то на горивата

Како Влада веќе донесовме мерка со намалување на дел од акцизите за бензините и за дизел горивата, за жал цената на берзите расте, денеска повторно се доближува до  психолошката граница од 100 долари за барел, рече премиерот

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата ќе интервенира со дополнителни мерки откако продолжи растот на цената на горивата. а една  опциите е и повторно намалување на ДДВ за горивата.

„Ја следиме состојбата, како Влада веќе донесовме мерка со намалување на дел од акцизите за бензините и за дизел горивата, за жал цената на берзите расте, денеска повторно се доближува до  психолошката граница од 100 долари за барел, воените дејствија во Заливот се вжештуваат, се интензивираат, така што очигледно повторно не очекуваат предизвикувачки  денови.

Се  разбира дека ние како Влада ќе интервенираме со дополнителни мерки, дополнително ги анализираме дали ќе бидат таргетирани, дали генерални како што беше и претходно. Но, важно е дека имаме основ – прогласивме кризна состојба на цела територија на државата до октомври и  ги имаме сите правни механизми за да се преземе овоој чекор, изјави Мицкоски, прашан дали по средбата со неодамнешната средба со производителите, дистрибутерите и трговците за цените нма основните  производи има основа за мерки.

Прашан дали има услови да се намали ДДВ , премикерот Мицкоски вели дека „и тоа е една од опоциите, тоа е можеби најмалку посакувана опција од аспект на тоа дека сите денеска зборуваат за расходите, а никој не зборува за приходите. Намалувањето на ДДВ-то би било директно на приходите, но нам ни е важен стандардот на граѓаните. Сакаме како Влада секогаш кога е тоа потребно на граѓаните да им излеземе во пресрет“.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

Мицкоски: Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, затоа ја добивме довербата од нив!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при претставување на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на бруто-домашниот производ се очекува да продолжи и оваа година и  да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти.

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

Мицкоски: Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, кои ќе ја засилат економската соработка со Унгарија

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска од Будимпешта порача дека Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, нагласувајќи дека економската соработка со Унгарија има значителен потенцијал за раст.

Најнови вести

To top