Македонија

Мицкоски најави нов експресен пат од Кочани до ГП Делчево

Добри вести за тој дел од земјата

Премиерот Христијан Мицкоски присуствува на почеток на изградба на дел од собирни улици „Никола Карев“ и дел од градската магистрална улица „Новопланирана 1“ во општина Кочани.

-Доаѓаме за нови проетки во овој период од годината, за кои очекувам да додаде вредност во квалитетот на живот на жителите на општина Кочани. Овие проекти се дел од минатото за кои зборувавме исто како што е и оној капитален проект изградба на експресен пат којшто ќе ги поврзува Кочани со Виница, Делчево и граничен премин со Бугарија. Првата делница од Кочани до Виница, проектирањето е завршено, а ќе се изведува со сопствени средства. Се бара финансирање за делот од Виница до Делчево и мислам дека успешно ќе се заврши и тој процес така што и тој процес тече, изјави Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Скандал: Лога го навреди претседателот на Уставниот суд Костадиновски дека е „имбецил“ и оти има „умерена интелектуална попреченост“!

„Имбецил! *Историски гледано, технички термин за умерена интелектуална попреченост!“ – напиша Кренар Лога од ДУИ, поранешниот министер за правда, во својата скандалозна објава на фејсбук за претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски, објавувајќи ја и неговата фотографија во судиската тога. Тешките навреди на Лога кон Костадиновски се и дел од остриот напад на неговата партија ДУИ, која вчера се огласи со соопштение и тврдење во него дека е „дискриминација и кршење на духот на Уставот ставот, според кој смс-пораките од системот ‘Безбеден град’ треба да се испраќаат само на македонски јазик, додека може да се испраќаат и на англиски, но не и на албански јазик.“. Ова е ставот на првиот човек на Уставниот суд Костадиновски. „Со оваа постапка претседателот на Уставниот суд ги надминува своите надлежности и брутално интервенира во правниот поредок и во меѓуетничките односи во државата.“ – тврдеше ДУИ, а напоредно со неа и Лога се огласи со својата екстремно тешка и навредлива квалификација за Костадиновски дека е „имбецил“.

Двојазичност во правосудниот систем не е предвидена, Албанците беа излажани, вели Мицкоски

Ако Венецијанската комисија ти вели да го напуштиш концептот на билингвалност, поради тоа што може да се доведе до двојно толкување на одредени судски процеси, тогаш за какво владеење на право ние зборуваме, вели премиерот

To top