Македонија

Мицкоски: Остануваме посветени на спроведување на реформите, заради забрзан напредок на државата

Денеска одржавме работен состанок посветен на Реформската агенда и процесот на европска интеграција, на кој преку интернет-обраќање обраќање учествуваше директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство Герт Јан Копман, информира премиерот Христијан Мицкоски.

-Разговаравме за досегашниот напредок, следните чекори и координацијата меѓу институциите, со цел реформските процеси да продолжат ефикасно, навремено и во согласност со утврдените приоритети. Остануваме посветени на спроведување на реформите што ќе придонесат за поефикасни институции, подобри услуги за граѓаните и забрзан напредок на државата, посочи премиерот Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top