Македонија

Мицкоски: Овозможивме подостоинствен живот за пензионерите, порано пензиите се зголемуваа по 20 денари, а сега по 7.000 денари

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека со политиките за зголемување на пензиите на Владата е овозможен подостоинствен живот за пензионерите споредено со тоа како било претходно.

Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Неготино за тоа како го коментира растот на пензиите во последниот период истакна дека уште кога биле опозиција јасно ветиле дека ќе сторат се што можат во нивниот мандат за почеток да обезбедат линеарно зголемување од пет илјади денари за сите пензионери. Ние отидовме чекор понапред, обезбедивме седум илјади денари линеарно зголемување – рече Мицкоски и додаде дека СДСМ и лица блиски до партијата се обиделе ова да го оспорат пред Уставниот суд и да ја испитаат уставноста на ова решение.

Но, она што за нас е важно е дека на голема група наши граѓани пензионери, со ова би рекол незначително линарно зголемување од седум илјади денари, во едно семејство во кое да речеме имаме двајца пензионери, тоа се 14 илјади денари плус, колку толку успеавме да го направиме подостоинствен нивниот живот, споредено со тоа како беше претходно – рече Мицкоски.

Премиерот изјави дека порано пензиите се зголемувале по десет, 15, 20 денари, а сега, како што рече, со овие седум илјади денари по пензионер колку толку успеале малку да ги санираат предизвиците, со кои се соочува таа категорија граѓани,

Најнови вести од: Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Каракачанов да си ги покани во Бугарија Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил, кој има неизбришлива трага за Македонија!

„Во однос на поканата на Каракачанов до лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Мицкоски за присуство на пренесување на моштите, посоодветно е таа покана да ја испрати до неговите истомисленици Зоран Заев и Венко Филипче.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ кон Красимир Каракачанов. Претходно, во текот на овој ден, на 30 септември 2026 година Красимир Каракачанов, во улога на претседател на бугарската партија ВМРО и поранешен бугарски вицепремиер му упати дрска и провокативна покана на лидерот на ВМРО ДПМНЕ и претседател на Владата на Македонија Христијан Мицкоски „да присуствува на 3 октомври 2026 година на враќањето на посмртните останки на големиот бугарски владетел цар Самуил во неговиот роден град, во Софија, како знак на почит кон една од најзначајните личности во нашата заедничка средновековна историја“!

Македонија со стабилни девизни резерви, банките со солидна ликвидност

Во својот најнов извештај за нашата земја, меѓународната рејтинг-агенција „Фич“ ги нагласува кредибилноста и континуитетот на монетарната политика на Народната банка, како и стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Агенцијата оценува дека долгорочната посветеност за одржување стабилна монетарна политика, поддржана од фиксниот курс на денарот кон еврото, претставува важен фактор за макроекономската стабилност.

Ќе дадеме јасна предност на сериозни, добро осмислени и одржливи проекти, рече министерот Сулејмани за Годишните конкурси

Министерот ги повика уметниците, здруженијата, независните културни организации и сите заинтересирани апликанти да ги разгледаат условите на конкурсите и навремено да ги поднесат своите проекти.

Големата еко-акција: 30.000 граѓани засукаа ракави – ќе го чистат Скопје од ѓубре

Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град.

Макстил донираше инструмент за новата лабораторија на ТМФ – современа опрема за идните инженери

Лабораторијата за хемиски анализи на Технолошко-металуршкиот факултет доби X-ray инструмент (XRF), дониран од Макстил и Швајцарска амбасада преку Хелветас, со кој студентите ќе можат практично да го изучуваат составoт на металите.

Најнови вести

To top