Македонија

Мицкоски: Протоколите не се дел од Преговарачката рамка, но ставот на бугарската страна е поинаков, поради егзибициите на претходната влада на СДСМ-ДУИ

Протоколите не се дел од Преговарачката рамка, но Бугарија го тврди спротивното, повикувајќи се на тоа што го договорила со претходната влада, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за протоколите за време на посетата на општина Илинден.

Апсолутно го делиме ставот дека протоколите не се дел од Преговарачката рамка. Бугарската страна тврди дека тие се дел од рамката и оти потпишала таков договор со претходната влада, во кој, според нивните тврдења, биле дадени различни ветувања. Ние, како Влада, сметаме дека протоколите не се дел и оти не треба да бидат дел од Преговарачката рамка. Тој став го имаме од првиот ден до денес. Но, с ставот на другата страна е сосема поинаков, а тој став е таков, според нас, поради егзибициите и капитулацијата на претходната влада на СДСМ и ДУИ и на тогашниот преговарачки тим, воден од губитникот од Чаир – истакна Мицкоски.

Премиерот вчера во гостување во поткаст истакна дека уставните измени во оваа форма, како што сега се бара, нема да се случат и дека е подготвен да разговара со секого и секаде, додека да се најде решение што ќе биде одржливо и ќе нè однесе до крајната цел. – А во меѓувреме ќе остваруваме резултати со реформската агенда, ќе правиме подобро општество, подобри услови за живот – потенцираше Мицкоски.

Тој исто така додаде дека во целиот овој процес работите треба да се гледаат принципиелно, а принципите треба да важат за сите бидејќи со нив нема играње.

Најнови вести од: Македонија

ВРЕДИ: И Тирана потврдува дека албанскиот јазик напредува, додека пропагандата на ДУИ доживува фијаско

„Албанскиот јазик не е ниту тема за политички кампањи, ниту алатка за ширење страв кај граѓаните. Тој е стекнато право и заедничко добро на сите Албанци – кое се штити и унапредува преку конкретни дела, а не преку лажни аларми, велат од партијата

To top