Македонија

Мицкоски: Раководството на СДСМ нека продолжи да коленичи кај што коленичи, а ние сме насочени на многу посуштинското – реформите, одошто „Бугари во Устав“’!

Реформите не се само промени на Уставот. Ние сме фокусирани на суштинските работи – истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за исполнувањето на реформската агенда по посетата на општина Кичево.

Премиерот вели дека се оптимисти за испорачување на сите од десетте точки во реформската агенда. – Имавме состанок со Герт Јан Копман, кој во рамките на Европската комисија тоа го турка. Сите сме оптимисти дека од оние десет можеме девет и пол да реализираме, а може и десет, дословно така заклучивме, кои се во грејс-период – изјави Мицкоски.

Еден или два чекори, според него, зависат од учеството на опозицијата во нив, т.е. еден во овој грејс-период, а тоа е Изборниот законик.

– Се надевам дека таму разумот ќе преовладее, дека ќе се вратат во работната група и ќе го усвоиме сите заедно овој реформски закон. Затоа што реформите не се само промени на Уставот. Јас го разбирам ова меко ткиво на македонскиот идентитет во СДСМ, кое во моментот е раководство на СДСМ, и дека најлесно им е да коленичат наместо да работат. Но, реформите се доказ дали сте за Европа, не е само Бугари во Уставот, туку има уште многу посуштински работи што треба да ги завршиме. Е ние сме фокусирани на суштинските работи, а тие нека коленичат онаму каде што коленичат – рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Почина 72-годишен скопјанец од западнонилска треска в болница

Седумдесет и двегодишен скопјанец почина по компликации од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана. Пациентот бил со тешка клиничка слика на менингоенцефалитис, а уште при приемот во болница бил во тешка општа состојба.

(Видео): Со синовите бевме на научнообразовна екскурзија во Белгија, рече премиерот за еднонеделното патување

„Јас не сум љубител на големи годишни одмори со солена вода, со песочни плажи итн. и си рековме – екскурзијата да ја прошириме и тоа да биде научнообразовна екскурзија во Белгија“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Пронајдени вооружени луѓе во строго-заштитено подрачје на Пелистер

Ренџерската служба на Националниот парк „Пелистер“, во соработка со СВР Битола, спровела повеќечасовна акција за пронаоѓање лица вооружени со огнено оружје, кои навлегле длабоко во територијата на паркот.

Кисела вода добива сè повеќе првачиња

Градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, рече дека изградбата на салата во Припор е реализација на долгогодишно барање на жителите. Таа нагласи дека проектот е реализиран во соработка со Владата и Министерството за образование.

To top