Македонија

Мицкоски: Се градат два гасоводни интерконектора, со тоа ќе се зголеми драматично геостратегиското значење на Македонија!

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговори на новинарско прашање во однос на гасификацијата до каде е процесот, којa ќе биде користа за граѓаните и кога може да се очекува да заврши.

„Во овој момент како никогаш до сега, се градат два гасоводни интерконектори, едниот со нашиот јужен сосед, другиот со нашиот северен сосед. Едниот очекувам да биде синхронизиран и пуштен во употреба до крајот на првата половина од следната година, а другиот очекувам до крајот на 2028 година да биде целосно синхронизиран. Со тоа драматично ќе се зголеми геостратешкото значење на Македонија. Овие два гасовода ќе значат можност за инвеститори коишто би сакале да инвестираат во производни капацитети на електрична енергија коишто го користат гасот како погонско гориво. Но тоа ќе значи и можност за нас, кога ќе стане збор за реконструкција и модернизација на термоелектраните коишто користат јаглен како погонско гориво, да можеме да направиме конверзија на гас и така да ги зачуваме работните места и така да ги зачуваме тие објекти да продолжат да произведуваат.“ – посочи македонскиот премиер.

Во однос на претворањето, кога ќе се случи тоа, Мицкоски додаде: „Па тоа веќе трае, АД ЕСМ веќе разговара со Светска банка и многу скоро ќе имам многу убави вести за тој проект.“

Најнови вести од: Македонија

Извозот зголемен за 10,8% – најмногу се тргува во земјите на ЕУ, но кои земји се во фокус?!

Во периодот јануари – септември 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија. Овие пет земји учествуваат со 49,7 проценти во вкупната размена.

Муцунски: Нема да бидеме лицемерни и да зборуваме за евроинтеграција, а да донесуваме измени на КЗ како оние од 2023

Нашиот став е дека има фундаментална разлика за тоа што кажува официјална Софија и тоа што го гледаме од правна гледна точка како преземени обврски од претходната Влада и сето тоа не става нас во ситуација како Влада дека нема предвидливост на процесот, рече министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски во одговор на новинарско прашање […]

Жителка на Куманово требала да врати 2500 евра камата за еден месец за заем од 4 илјади евра! Истрага за четворица за криминална изнуда и перење пари

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, за кои постои сомнеж дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и перење пари и изнуда. За тројца од нив денес до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување притвор, додека четвртиот веќе е надвор од Македонија.

Огромен интерес за милионот: Досега пријавени 413 тимови, рокот истекува на 11 ноември

Заклучно со 5 ноември, на второто издание на натпреварот за најдобра бизнис-идеја се пријавени 413 средношколски тимови, кои со своите креативни и иновативни идеи влегуваат во трката за инвестиција од еден милион денари.

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ

ТИТАН УСЈЕ ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи и медиумите да ја посетат компанијата во кое било време и да добијат одговори на сите прашања од јавен интерес.

Независниот синдикат на одбраната: Не го поддржуваме утрешниот манипулативен протест! Нашиот пат е дијалог, а не улица!

Независниот синдикат на одбраната (НСО), како најголем и репрезентативен синдикат на вработените во Министерството за одбрана и Армијата, остро се спротивставува на обидите за манипулација и вовлекување на припадниците на Армијата во протести кои не ги одразуваат нашите синдикални вредности и принципи.

Најнови вести

To top