Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ продолжува по патот на обнова, обединување и подготовка за нови изборни победи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва по завршувањето на Централниот комитет на партијата ги соопшти членовите на Извршниот комитет, и информира дека за нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е избран Драган Ковачки.

Мицкоски во изјава за медиуми истакна дека Централниот комитет донел одлука за избор на нов ИК којшто, како што кажа, „претставува спој меѓу искуството и дел од луѓето кои се веќе дел од претходните состави на ИК и нови членови кои заедно со оние кои во минатото беа дел од ИК ќе го формираат новиот Извршен комитет“.

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

-Овие одлуки се јасен показател дека партијата се менува, и се прилагодува на новите предизвици, нашата цел е создавање силна, ефикасна и обединета структура која ќе даде конкретни и одговорни решенија за потребите на граѓаните, нагласи Мицкоски, по што го соопшти новиот состав на ИК.

Тој рече дека составот на Извршниот комитет е следен – нов генерален секретар е пратеникот Драган Ковачки, за членови на ИК се избрани Александар Николоски, Владо Мисајловски, Гордана Димитриеска Кочоска, Тимчо Муцунски, Никола Мицевски, Луке Галевски, Антонио Милошоски, Дафина Стојановска, Рашела Мизхархи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков, Марија Андоновска, Ели Панова, Игор Јанушев, Марија Митева, Благоја Ташаминов, Орце Ѓорѓиевски, Онер Јакуповски, Драгана Бојковска, Синиша Стојановски, Стефан Андоновски, Филип Поповски и Бобан Николоски.

Додаде дека на овие членови, според статут, ќе им се приклучат новите преседатели на УМС, Унијата на жени и Унијата на ветерани.

Мицкоски исто така информира дека за организационен секретар е избран Ивица Томовски, досегашен и иден директор на Централниот штаб, а за шеф на неговиот кабинет Владимир Нелоски.

Додаде дека ќе продолжат да работат на зајакнување на внатрешната организација, транспаретноста и инклузивниот процес на членството. Најави дека во претстојиот период ќе има избор на претседатели на партиските општински комитети, како и избор на нови раководства на Унијата на жени, УМС и Унијата на ветерани.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП на кој ќе разговараме за глобалните предизвици, а ние ќе ставиме акцент и на проширувањето на ЕУ

Сите оние постигнувања и реформи коишто изминатите месеци како ВМРО-ДПМНЕ, односно како македонска Влада ги направивме, потенцира во изјавата Мицкоски

(Фото): Пролетна генералка на Скопје, јавните претпријатија на терен

Координирана акција за темелно чистење на сите површини под надлежност на Град Скопје започна денеска во утринските часови. Екипите на сите јавни претпријатија се вклучија во пролетната генералка на Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека ова е јасна порака дека редот, чистотата и грижата за заедничкиот простор стануваат секојдневие.

Морничави детали на судењето за убиството во Штип: Делови од телото и крвавата облека фрлени во контејнери

Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес против 75 годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Според обвиниението Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено при родово базирано насилство на брутален начин. Пред Судот денеска сведочеа роднина на убиената Николова и инспектори од СВР-Штип, кои работеле на случајот.– Во домот на обвинетиот беа пронајдени секира, мотика, тесла, и дрвена рачка, на кои имаше траги од крв. Анализите покажаа дека потекнуваат од женско лице. Во купатилото, ходникот и кујната, откриени се траги на човечко ткиво, а според вештачењето, телото било влечено од дневната соба кон купатилото – рече во својот исказ вработен во СВР-Штип.

To top