Македонија

Мизрахи за обновените бугарски територијални претензии кон Македонија и ,,играњето политика со соседите”

Не комшии, не сте биле администратори туку окупатори, не сте ниту најмалку за почит кога вашиот ” европосланик” отпоздравува со фашистички симболи во европскиот парламент

Пратеничката Рашела Мизрахи реагира на обновените бугарски територијални претензии кон Македонија и како што таа ја нарекува официјалната политика кон земјава: ,,играњето политика со соседите”.

 

Мизрахи реагира откако официјална Софија реагираше на изјавата на премиерот Мицкоски кој одби да влегува во дебата со бугарскиот шеф на дипломатијата а потоа бугарскиот премиер Росен Жељазков рече дека „колегата Мицкоски треба да најде начин да се извини“.

 

,,Барања за извинувања за искажана вистина е ново на Бугарскиот репертоар на играме политика со соседите. Она што не е ново е територијалната претензија кон Македонија.

 

За оние од соседството кој го бараат моето внимание ….

 

“Депутетката” Мизрахи нит е глува, нит е слепа, а богами не е ни изненадена. Децениските обиди за негирање на историското минато на Македонија и Македонците од страна политичките елити во соседна Бугарија и нивните добро познати платеници, секогаш се препнува на Холокаустот на Македонските Евреи. Не сакајќи да го признаат ИСТОРИСКИОТ ФАКТ за нивното учество на погрешната страна во текот на Втората Светска Војна , погромот кој го направиле на Македонското Еврејство, и навредата која денес ја прават со фактот дека немаат ниту храброст ниту доблест да се извинат.

 

Не комшии, не сте биле администратори туку окупатори, не сте ниту најмалку за почит кога вашиот ” европосланик” отпоздравува со фашистички симболизам во европскиот парламент. И не, не е знак на добрососедство ниту добра намера кога отворате клубови на фашисти во Македонија па доаѓате да испарадирате пред нив.

Конечно , НЕ, НЕМА НИКОГАШ ДА ЗАБОРАВИМЕ!!!”, пишува Мизрахи.

 

Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

To top