Македонија

Младите треба да бидат активни партнери во креирањето на реформите – владина делегација во Црна Гора

Учеството на Македонија на овој висок политички форум е можност за размена на искуства и добри практики со земјите од регионот, за зајакнување на регионалната координација во младинските политики и за отворање простор за нови иницијативи и механизми што ќе придонесат кон поголемо учество и поврзаност на младите.

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, учествуваше на „Министерскиот состанок за млади од Западен Балкан 2026“, кој се одржа во Подгорица, Црна Гора. Состанокот беше организиран од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) во партнерство со Министерството за спорт и млади на Црна Гора, под покровителство на Владата на Црна Гора, во рамки на Берлинскиот процес. На состанокот учествуваа министри и шефови на делегации надлежни за младите од земјите од Западен Балкан.

Министерскиот состанок претставува високо ниво на меѓувладина платформа за политички дијалог, зајакнување на регионалната координација и усогласување на пристапите во политиките што се однесуваат на потребите и перспективите на младите. Посебното значење на овогодишниот состанок е и во тоа што се одбележуваат 10 години од основањето на RYCO, која во изминатата деценија се разви во значајна регионална платформа за младинска соработка, дијалог, размена и градење доверба.

Во рамки на министерската програма се разговараше за приоритетите за регионална младинска соработка, со посебен фокус на тоа како младите да бидат поефективно вклучени во тековните реформски процеси – не само како корисници, туку како активни придонесувачи во креирањето, спроведувањето и следењето на политиките.

Во овој контекст, теми на разговор беа младинското учество во донесувањето одлуки, регионалната мобилност и поврзаност, образованието, вработувањето, претприемништвото, волонтерството, младинските иницијативи, како и улогата на младите во пошироките реформски процеси поврзани со економскиот развој, миграцијата, безбедноста, социјалната кохезија и европската интеграција.

Во таа насока, министерот Велковски информираше дека во државата се работи на концепт за единствен национален агрегатор за млади, преку кој на едно место ќе бидат достапни информации за програмите и можностите што ги нудат државните институции, општините, младинските организации и другите релевантни чинители во општеството.

  • „Верувам дека ваквиот пристап во иднина може да добие и регионална димензија. Нашата амбиција треба да биде еден млад човек во Скопје, Подгорица, Сараево или Тирана лесно да може да ги види можностите што му се достапни не само во сопствената земја, туку и во регионот,“ истакна Велковски.

Министерот во рамки на дискусиите потенцираше дека младите треба да имаат реална можност да учествуваат во идентификувањето на предизвиците, предлагањето решенија и следењето на резултатите, на локално, национално и регионално ниво.

Посебен акцент беше ставен и на поврзувањето на националните младински политики со пошироките реформски процеси. Во тој контекст, Националната стратегија за млади 2023–2027 и Акцискиот план 2026–2027 се препознаваат како важни механизми за поврзување на младинските приоритети со реформите во областите кои директно влијаат врз младите.

Една од темите на состанокот беше и RYCOncile – Фондот за млади на RYCO, како практичен механизам преку кој политичките заложби за младите треба да се претворат во конкретни можности и активности. Фокусот е на поддршка на младински иницијативи, регионална соработка, мобилност, учество, инклузија и социјална кохезија. Одржувањето на Министерскиот состанок има за цел да придонесе кон понатамошно јакнење на регионалната младинска соработка и да ги поврзе политичките определби со конкретни механизми за нивна реализација.

Учеството на Македонија на овој висок политички форум е можност за размена на искуства и добри практики со земјите од регионот, за зајакнување на регионалната координација во младинските политики и за отворање простор за нови иницијативи и механизми што ќе придонесат кон поголемо учество и поврзаност на младите.

Најнови вести од: Македонија

Потребни се рабони места кои ќе нудат баланс меѓу приватниот и професионален живот

Додека компаниите се соочуваат со недостиг на кадар, жените одбиваат да прифатат работа, затоа што не можат да ги усогласат работните со приватните обврски. Неопходно е креирање работни места кои ќе понудат баланс меѓу приватниот и професионален живот. Такви се воведување флексибилно работно време, дополителни паузи за носење дета на лекар, бесплатни градинки или курсеви за децата, дополнителни финансиски бенефиции.

Американскиот Балкански трговски центар потпиша договор за стратешко партнерство со Стопанската комора на Илиноис

Американскиот балкански трговски центар (AБTC) официјално потпиша договор за стратешко партнерство со Трговската комора на Илиноис, означувајќи важен нов чекор во мисијата на организацијата за зајакнување на деловните врски и создавање нови можности меѓу Соединетите Американски Држави и Балканскиот регион.

Без сопствени ВИ модели и дата-центри Македонија ризикува да стане дигитална колонија, вели Трајанов

Ни требаат национални дата-центри за чување на податоците тука. Иако постојат одредени ризици, бенефитот од тоа податоците да бидат под наш суверенитет е драстично поголем

Манасиевски: Љупчо Николовски избега од соочување, очекувам одговори на поставените прашања

По денешното граѓанско судско рочиште, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, го повика поранешниот вицепремиер и министер за земјоделство Љупчо Николовски да одговори на наводите поради кои, како што вели, е тужен

Најнови вести

To top