Македонија

Многу глуви во Македонија – Скандалот во МАНУ отвори дебата за научните институции каде владеат ,,византиски” правила

Генетичарот од светски ранг никогаш не бил поканет да соработува со МАНУ иако работел со светски признати истражувачки центри како универзитетот Колумбија

Скандалот во МАНУ каде одделението за општествени науки елиминираше светски научник а ,,протна” блиска колешка на најмоќниот академик Владо Камбовски отвори општа дебата за катастрофалната состојбата во научните институции каде се владее со византиски методи.

Откако за скандалот проговори историчарот Васко Гичевски кој посочи дека поради ваквите случаи тивко пропаѓаат македонските научни институции се јави и професорот Тодор Арсов од штипскиот медицински универзитет.

Генетичарот од светски калибар Арсов кој во случајот ,,Фолбиг” во Австралија реши една од најголемите медицински мистерии и спаси мајка од доживотен затвор, е еден од оние кои според сите критериуми треба да биде во редовите на МАНУ.

Арсов реагира на забелешката на Гичевски дека македонските научни институции тивко умираат.

Според него умирањето не е тивко туку во Македонија за овие проблеми има премногу глуви на одговорни позиции.

,,Високо-образовните институции не умираат баш тивко! Само по институциите кои (треба да) го стројат редот има многу глуви… За жал…”, смета професорот Арсов.

Арсов ја спаси Катлин Фолбиг позната како „мајката убиец“, австралијанката која пред 20 години беше обвинета за смртта на своите четири деца првото починато било во 1989 година, а последното во 1999 година.

Фолбиг денес е на слобода благодарение на научните сознанија на Арсов и тимот со кој работеше за расчистување на случајот но ниту МАНУ ниту друга институција го испочитува делото на генетичарот.

Чудните критериуми во МАНУ каде со децении владеат тајни сојузи и ,,трговија со души” не дозволуваат во академијата да влезат вистински научни величини како професорот Митревски, Арсов и други македонски научници кои се врвни светски експерти но не знаат како да се борат со вечните ,,газди” на МАНУ и другите научни институции.

Затоа таму владеат профили како Владо Камбовски и Таки Фити кои цел живот биле на високи политички и државни позиции во правосудството и економијата и Македонија е во катастрофална состојба и во правосудството и во економијата. Никој од нив досега не одговарал за направените грешки.

Истражувачкиот центар за ге­нетско инженерство и био­технологија (ИЦГИБ) е ос­нован во 1986 година како научна единица при Македонската акаде­мија на науките и уметностите. Ос­новач на ИЦГИБ е академик Георги Д. Ефремов. Во 2011 година, Центарот е преименуван во Истражу­вачки центар за генетско инженер­ство и биотехнологија „Георги Д. Ефремов“.

Арсов како врвен генетичар од светски ранг никогаш не бил поканет да соработува со овој центар иако работел со светски признати истражувачки центри како универзитетот Колумбија или тој во Мелбурн.

Повеќе детали за скандалот во МАНУ на овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

Ново семејно насилство: Скопјанецот Љ.И. (35) ја претепал сопругата (31) и ја избркал од дома, а четирите деца ги затворил во тоалет!

Вчера, на 2 април 2026 година околу 19 часот во СВР Скопје 31-годишна жена пријави дека во домот на подрачјето на Бит Пазар нејзиниот сопруг Љ.И.(35) ја заклучил во тоалетот, а по некое време и физички ја нападнал, по што ја избркал од домот.

Кадриу: Да поднесеше Ристоска оставка при примопредавање на прислушкуваните материјали кога ја уриваа државата, ќе ѝ поверував дека е принципиелна!

Адвокатката и поранешна обвинителка Лејла Кадриу реагираше по оставката на обвинителката Ленче Ристоска, оценувајќи дека станува збор за „бегство од одговорност“, а не за принципиелен чин.

Велигденска порака на Скопскиот бискуп и Струмичко–скопски епарх Киро Стојанов (ВИДЕО)

Среде вознемиреностa во светот да се молитме за мир и напори да се запре татнежот на бомбите, да се замолчи оружјето и да се даде можност на дијалогот во кој можат да се слушнат гласовите на народите

Најнови вести

To top