Македонија

МОН ќе ги покрива трошоците за учество на средношколски олимпијади низ светот

За здруженијата на наставници кои испраќаат средношколци на некоја од 15те меѓународни научни олимпијади, како и за семејствата на учениците, завршуваат грижите поврзани со учеството од финансиски аспект. Наместо самостојно да финансираат или да бараат спонзори, отсега трошоците за учество на овие престижни меѓународни натпреварувања, ќе ги покрива државата, соопшти Министерството за образование и наука. […]

За здруженијата на наставници кои испраќаат средношколци на некоја од 15те меѓународни научни олимпијади, како и за семејствата на учениците, завршуваат грижите поврзани со учеството од финансиски аспект. Наместо самостојно да финансираат или да бараат спонзори, отсега трошоците за учество на овие престижни меѓународни натпреварувања, ќе ги покрива државата, соопшти Министерството за образование и наука.

„Ова е една од придобивките на измените на Законот за средно образование кои беа усвоени минатиот месец. Министерството за образование и наука на својата веб страна веќе објави јавен повик наменет за акредитирани здруженија на наставници кои организираат натпревари за средношколци, со цел покривање на трошоците за котизација и за пат, односно за учество на една од 15-те меѓународни научни олимпијади. Во зависност од правилата на организаторите на секоја поединечна меѓународна научна олимпијада, ќе се финансира учеството на најмногу шест ученици и двајца ментори“, соопшти МОН.

Едно акредитирано здружение може да добие финансиски средства за учество само на една олимпијада. Пријавувањето е електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, најдоцна до 31.10.2025 година.

„Грижата кон младите се зголемува. Постојано се унапредуваат ученичкиот и студентскиот стандард, со воведување на нови и проширување на постојните права. Во изминатите неколку месеци беа прифатени повеќе барања на учениците и студентите, како поддршка на нивниот воспитно-образовен процес, а со воведувањето на оваа последна можност се поддржува потенцијалот на најталентираните“, соопшти МОН.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Зголемен е бројот на странските инвеститори, што се задоволни од бизнис климата во државата и кои се подготвени да ја зголемат својата инвестиција

„За нас странските инвеститори се исклучително важни исто како и домашните инвеститори, бидејќи економијата е една од главните приоритети на функционирањето на оваа Влада, како и сѐ друго, што е составен дел во таа борба за колку е можно подобра економија.“ – истакна премиерот Христијан Мицкоски по работната средба со Советот на странски инвеститори.

Samsung Galaxy S26 Серијата и Galaxy Buds4 Серијата сега достапни ширум светот

Galaxy S26 серијата бележи двоцифрен раст во нарачки, додека Galaxy S26 Ultra е избор на 70% од потрошувачите, заедно со Galaxy Buds4 серијата со неверојатен звук.
Во Европа, уредот Galaxy S26 Ultra бележи 20% раст на нарачките на годишно ниво

Министерство за финансии: „Стоп“ за измамите на финансиските друштва за кредити со „нула камата“!

Министерството за финансии на Република Македонија во реализиран надѕор врз работењето на финансиските друштва  констатира одредени измамнички трговски практики, кои се однесуваат, меѓу другото,  на рекламирањето на финансиските услуги и други дејстваа од финансиските друштва, спротивно на Законот за заштита на потрошувачите. „При надзорот констатирани се рекламирања со 0% камата, иако во договорот за кредит биле предвидени други дополнителни трошоци!“ – соопшти ова министерство денес.

To top