Македонија

Мора да се најде решение со Бугарија за деблокада на евроинтеграциите, рече Муцунски од Брисел

Муцунски оцени дека самитот е важна можност да се потврди стратегијата на ЕУ за проширување и да се испрати позитивна порака до регионот, но и да се отворат конкретни разговори за надминување на билатералните пречки кои го кочат напредокот на Македонија.

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Брисел порача дека земјава очекува јасна поддршка од Европската унија за продолжување на процесот на европска интеграција и деблокирање на преговорите со Унијата. Муцунски оцени дека самитот е важна можност да се потврди стратегијата на ЕУ за проширување и да се испрати позитивна порака до регионот, но и да се отворат конкретни разговори за надминување на билатералните пречки кои го кочат напредокот на Македонија.

  • „Ќе биде добра можност, пред сè, да се потврди стратегијата на ЕУ за проширување со Западен Балкан. Ова е општата порака што ќе биде упатена, која е секогаш добредојдена и пренесува позитивен сигнал до регионот. Верувам дека лидерите од нашата страна на регионот и земјите од ЕУ ќе разговараат и за многу конкретни иницијативи што ги има ЕУ, во насока на она што се нарекува интеграција во неколку чекори… Сакаме да разговараме со Бугарија, бидејќи мора да се најде решение за овој проблем, кој го блокира нашиот напредок кон ЕУ… Жалам што во последните недели, за возврат, не добивме добра доверба од бугарската страна дека можеме да најдеме рационално решение за ова билатерално прашање, кое во никој момент не може да ги загрози интересите во кои зборува и стои нашата Влада на овие позиции“, изјави Муцунски.

Во нацрт-заклучоците на Европскиот совет, до кои изминатите денови имаа пристап дел од медиумите, се наведува дека Унијата ја поздравува посветеноста на Македонија кон европските интеграции и ја охрабрува да продолжи со реформите.

  • „Советот забележува дека Македонија сè уште не ги завршила уставните измени што ги презела. Советот ја потврдува својата подготвеност повторно да ја свика меѓународната конференција, без понатамошни одложувања или дополнителни политички одлуки, откако Македонија ќе ја спроведе обврската, во согласност со своите внатрешни процедури.“

На самитот се очекува да биде потенцирана и важноста од конкретен напредок во реформите, усогласувањето со европското законодавство, како и јакнењето на регионалната соработка и добрососедските односи.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top