Македонија

Муцунски: Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години

Според Муцунски, по повеќе од 20 години, свеста на Ахмети останува заглавена во тие времиња, особено во однос на предлозите за избор на Влада со Бадентерово мнозинство во парламентот и одлучување во Уставниот суд со двојно мнозинство за закони донесени со тој механизам.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за емисијата „360 степени“ на МТВ, изјави дека претседателот на ДУИ, Али Ахмети, живее во фолклорот од периодот кога партијата првпат учествувала во владата во 2002 година. Според Муцунски, по повеќе од 20 години, свеста на Ахмети останува заглавена во тие времиња, особено во однос на предлозите за избор на Влада со Бадентерово мнозинство во парламентот и одлучување во Уставниот суд со двојно мнозинство за закони донесени со тој механизам.

– Можеби длабоко во себе знае дека сите овие работи за коишто зборува се нереални, но очигледно се чувствува дека му е стеснет политичкиот простор и нема друга тема на којашто може да дискутира. Јас не верувам дека има во оваа држава млад Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Влав, којшто верува во сите овие работи. Јас знам дека нашите граѓани очекуваат да обезбедиме подобри услови во делот на стандардот на живеење. А овој политички фолклор потекнува од период којшто е од пред 20, па и повеќе од 20 години. Недостатокот на креативност и визија е причината зошто ДУИ е во опозиција. А по оваа реторика којашто доаѓа од господинот Ахмети, тоа што мене ми станува сè појасно, е дека ДУИ уште еден подолг период веројатно ќе мора да остане опозиција – изјави Муцунски.

Во врска со проблемите на актуелната власт да обезбеди Бадентерово мнозинство за одредени закони, Муцунски посочи дека овој механизам е дел од уставно-правниот поредок на земјата.

– Но, истовремено, не е механизам којшто се користи за избор во влада, за гласање во Уставниот суд. Хипотетички, кога би дозволиле Бадентер, Уставниот суд ќе го претвориме во алтернативен, втор законодавен дом во државата. Не е тоа неговата функција. Од уставно-правна гледна точка, апсолутно нелогично е тоа што го зборува господинот Ахмети. Од гледна точка на државното уредување, исто така е нелогично. Неспорно е дека на моменти има одредена комплексност при обезбедување на Бадентер, но, во актуелниот мандат на владата, законите коишто се поврзани со Бадентер во огромен обем се закони поврзани со европската интеграција на државата – закони коишто ќе имаат европско знаменце. И на крајот на денот, ако пратениците од опозицијата одлучат дека не сакаат да поддржуваат закони коишто се дел од европската агенда, тоа е потврда за друга лицемерност. Постојано на прес-конференции повикуваат за забрзување на процесот на европска интеграција, но еве гледаме како за тесни политички интереси не обезбедуваат Бадентерово мнозинство за закони коишто се поврзани со европската интеграција – рече Муцунски.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Велика Британија

Во интервјуто за „360 степени“ на Првата програма на Македонската телевизија министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека и покрај тоа што најповиканите во државата – претседателката, премиерот, министерот за надворешни и министерот за внатрешни работи, одговориле на темата, опозицијата одлучи сè уште да ја шири таа паника.  Тој смета дека темата за прием на одбиени баратели на азил во земјава шпекулативно ја отвориле медиуми од Велика Британија и тоа не само за Македонија. „Таква дискусија и намера од нашата влада ниту имало, ниту ќе има. Во ниедна форма, и легални и нелегални, вакви, такви, никакви мигранти нема да бидат примени во нашата држава врз основа на која било форма на договор со Велика Британија.“ – нагласува министерот Муцунски.

Послеконгресно „лавовско ревење“ на Ахмети: Не сум претставник на мачките, туку на лавовите! Ако излезам на улица, повеќе не се враќам!

На денешната предновогодишна средба со новинарите лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека „планот А останува развој и напредок на државата“. Тој изрази „надеж“ дека „нема да оди по план Б“. „Ако излезам на улица, не се враќам повеќе дома. Јас не сум претставник на мачки, туку на лавови!“ – додаде Ахмети. Ова го објави весникот на албански јазик „Лајм“. Што содржи „планот Б“ на „претставникот на лавовите“ – Али Ахмети?! Кому и поради што му се заканува со можно „излегување на улица“, ако не му се исполнел „планот А“, бездруго она што го договориле на нивниот саботен Конгрес?!

To top