Македонија

Муцунски: Владата секогаш ќе стои во заштита на македонскиот јазик, идентитет и историја

Муцунски во одговорот рече дека можеби е случајност „координираниот напад кон него од бугарскиот копретседавач со Комисијата Ангел Димитров и пратеникот“

Владата секогаш ќе стои во заштита на македонскиот јазик, идентитет и историја, порача денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во одговор на прашање од пратеникот Реџеп Исмаил за заклучоците од работата на Мешовитата комисија за образовни историски прашања со Бугарија.

Муцунски во одговорот рече дека можеби е случајност „координираниот напад кон него од бугарскиот копретседавач со Комисијата Ангел Димитров и пратеникот“.

– Сосема изненадувачки за мене е што во рок од неколку дена прашањето за работата на мешовитата комисија и политички напад врз мене насочи копретседавачот од бугарска страна, Ангел Димитров, и вие. Можеби е случајност, коордиоиниран напад кон МНР од Ангел Димитров и Реџеп Исмаил. Некои велат во политиката не треба да верувате во случајност но јас ќе одберам добра верба дека ова е случајно координиран напад, рече Муцунски.

Шефот на дипломатијата повтори оти верува дека Комисијата треба да биде водена од поединци кои импутот кој ќе го внесат е базиран на нивни научни познавања, знаења и факти и оти секој политички одговор што тој би го дал би се сметало како влијание врз Комисијата.

– И од таа гледна точка верувам дека Комисијата во овој состав ќе продолжи да работи независно базирано на факти. Кога цените како се поставила нашата надворешна политика ќе видите дека секогаш велиме дека не сме за отстапки по секоја цена и дека клучно прашање кога го земаме во предвид одлучувањето во однос на сите политочки прашања поврзани со Бугарија се зашитата на македонскиот идентитет, културна посебност и историја. Точно е дека од другата страна на границата постојат поединци кои сакаат да ја негираат нашата историја, идентитет и јазик,  но затоа гледате дека ние повеќе од година и половина сме цврсто поставени по однос на овие позиции.  А по однос на работата на Комисијата таа треба да работи исклучиво врз основа на  факти и аргументи и целосно независна и оттргната од влијанието на политиката. Во таа смисла секој политички одговор што јас би го дал би се сметало како влијание врз Комисијата, рече Муцунски.

Смета, како што дополни, „дека Димитров често го прозива сакајќи да го провоцира, да даде некоја политичка констатација за потоа да рече  – еве ја македонската Влада директно се меша во академската слобода и независност“.

– Верувам дека тоа не било вашата намера, дека сте биле доборнамерен и ве интересира какви се позициите на Владата. Еве ви велам Владата секогаш ќе стои во заштита на македонскот идентитет, јазик и историја, истакна Муцунски.

Пратеникот Исмаил, искоментира дека министерот „се обидува да ја избегне политичката одговорност со тоа што Комисијата ја гледа како некоја научна и академска работа“.

– Верувајте, во нејзината поставеност во сите документи, и последниот протокол и францускиот предлог и Договорот за добрососедство нејзините заклучоци имаат иманентни политички последиици. Се работи за суверенитетот кој е политичко прашање. Вие не можете да кажете дека не се мешате во комисијата, рече Исмаил.

Тој му постави  прашање  на министерот и „По кој основ ги пратил на цензура учебниците за петто и шесто одделение во Бугарија?“, што Муцунски го оквалификувано како „дезинформација и лажна вест“.

– Ништо не е пуштено во Софија на амин. Тоа е дезинформација, лажна вест. Нашите државни институции не пуштиле ништо, ниту учебник, ниту докумет во Софија на т.н амин. Не се случило такво нешто, наведе шефот на дипломатијата.

Точно е, посочи, дека треба да имаме дијалог со сите наши соседи и оти треба да работиме на затворање на сите отворени прашања, но точно е и дека не смееме и немаме право да го правиме тоа по секоја цена и на штета на нашите национални интереси.

-Целосно верувам дека професорот Ѓеоргиев заедно со неговиот тим знаат како треба да функционират, а тоа е – слободно, независно и врз основа на знаењета и фактите кои тие ги имаат на располагање. Тоа може да биде комисија која ќе работи долги годни и нема да постигне заклучок, ќе дискутира, ќе дебатира по однос на одредени прашања и природно ќе има развој на настаните кој може нема да биде секогаш на задоволство на другата страна. Но. тие дискутиарат врз основа на историски факти и нивните научн и поснзвања.  Знам дека би биле најсреќни да се докаже дека вашата теза е точна, дека ВМРО-ДПМНЕ направило отстапка, но набројте една отстапка од таква природа што е направена во последната година, рече Муцунски, дополнувајќи дека верува оти пратениот не е кординиран со историчарите во Софија.

Исмаил, во коментар на одговорот од министерот рече дека нема никава координација и оти има поддршка од него а ќе ја обебзеди и од Левица „против ваквите агресивни напади на македонскот јазик и идентитет“ поради што и му предложи државава да се повлече од Комисијата.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски во Берлин на собир на ,,Коалицијата на волните”

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска во Берлин учествуваше на состанокот на Коалицијата на волните посветен на актуелната состојба во Украина и напорите за постигнување мир

АмЧам: Реформите, иновациите и меѓународните стандарди предуслов за подобра здравствена заштита

Американската стопанска комора во Македонија е акредитиран член на Стопанската комора на Соединетите Американски Држави и на мрежата на Американски стопански комори во Европа, организација која претставува 49 Американски стопански комори од 47 земји во Европа и Евроазија.

Велјановски до опозицијата: Не може да се заборави како ја пљачкавте државата

На денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет каде се дискутираше Предлог-Буџетот за 2027 година, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски, кажа дека и покрај долговите наследени од претходната влада, предводена од СДС, кои се тежок товар за државата, оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со силни инвестиции, со работа на фискална консолидација, но и со зајакнување на здравствената и социјалната заштита на граѓаните.

Ристески: Клучен приоритет на Владата е да ги задржи младите во Македонија

Законот за сезонски работници што е во сила од 1 јануари 2026 година, сѐ уште не ги дава очекуваните резултати, но ова не е закон направен за една година. Затоа организираме информативни средби и настани со помош на медиумите, стопанските комори, работодавачите и синдикатите – за да ги анимираме луѓето дека пензионери, студенти, оние кои сакаат дополнително да работат и сите категории невработени лица можат да го искористат, без притоа да го изгубат стекнатиот статус, да имаат комплетно пензиско и здравствено осигурување, фер ангажман, платен работен час колку што се ангажирани дополнително и со тоа да остварат дополнителни приходи – рече денеска заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Општина Охрид ги засилува активностите за затворање на депонијата „Буково“ и воспоставување нов систем за комуналниот отпад

Завршена е постапката за избор на проектант за изработка на техничката документација за затворање на нестандардната депонија „Буково“, а во тек се и активностите за изградба на претоварна станица кај Мауцкер и собирен центар во Охрид. Претоварните станици и Регионалниот центар за управување со отпад во Новаци се очекува да бидат функционални во 2030 година. Ова беше истакнато на денешната средба во Општина Охрид, посветена на новиот Регионален план за управување со отпад и воспоставувањето интегриран систем за Југозападниот и Пелагонискиот плански регион.

Зафировски за признанието на Михаилова за ДАНС: Ова е бугарска пародија, во која самата се излаја за поврзаноста со тајните служби

Срамота и давање автогол, бугарска пародија во која Ива Михаилова самата недоветно се излаја за улогата на тајните служби и бугарската ДАНС во целиот нејзин „случај“, посочи безбедносниот аналитичар Воислав Зафировски во „За македонските работи“ со Љупчо Цветановски. Недораснато дете кое избрза и искрено си кажа се што треба и не треба, класичен автогол во полза на Македонија за случај кој беше поддржан и од највисоките бугарски функционери.

Најнови вести

To top