Тема: македонски јазик и идентитет

„Н.М“: „Волкот“ Радев, за кого македонскиот е само норма на бугарскиот јазик, го менува крзното, но не и политиката кон Македонија!

„Поканата што македонскиот премиер Христијан Мицкоски му ја упати на новиот бугарски премиер Румен Радев е дипломатски висококоректен потег. Државите разговараат и тогаш кога не се согласуваат. Но дали со доаѓањето на Радев во извршната власт во Софија може да се очекува промена во бугарската политика кон Македонија, или само продолжување на една стратегија што со години произведува блокади, понижувања и негирања? Во 2020 година Радев порача дека „историјата и јазикот не можат да бидат предмет на политички компромис“, практично ставајќи до знаење дека Софија нема намера да го признае македонскиот јазик како посебен историски и национален факт. Во повеќе наврати бугарската политичка елита, предводена токму од Радев, тврдеше дека македонскиот јазик е само „норма на бугарскиот. Дали Радев ќе се откаже од политиката на постојани условувања? Дали ќе престане со реториката што го проблематизира македонскиот идентитет? Дали ќе прифати дека европската иднина на Македонија не може да зависи од историски толкувања? Досега нема ниту еден сериозен сигнал дека навистина постои таков пресврт.“ – се наведува во анализата со наслов „Волкот Радев го менува крзното, но не и политиката кон Македонија“, која е објавена денес во весникот „Нова Македонија“.

Филипче: Македонскиот јазик е официјално признат во ЕУ, од никого и никако не е загрозен! – Радев од 2019 до 2026: Тоа е бугарски дијалект!

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска, на прес-конференција по повод Денот на македонскиот јазик, истакна дека јазикот е целосно признат во Фронтекс во 2022 година – првиот официјален договор во Европската Унија потпишан на чист македонски јазик, оценувајќи дека „Христијан Мицкоски продолжува со својата стара кампања и лажно бранење на идентитетот.

To top