Македонија

Мухамеди: Зошто Албанците гласаат за лажни патриоти, а добиваат капитални проекти од политичари Македонци?

Адвокатот им се чуди на сонародниците што избираат такви што гледаат само лично да се збогатат

Адвокатот Умејр Мухамеди повторно го привлече вниманието со објава на Фејсбук, во која им се чуди на своите сонародници Албанци што гласаат за партии што шират лажен патриотизам, а капиталните проекти од кои профитираат се дело на политичари Македонци.

„Дарко Костовски од Бутел за прв пат им изгради водоводна и канализациона мрежа на Албанците во Љуботен.

Орце Ѓорѓиевски денес објави дека започнале со изградба на нова водоводна мрежа во Нерези.
Коце Трајановски на времето сите улици ги асфалтираше во Сарај
Никола Груевски на сите места со мнозинство Албанци изгради спортски игралишта.
Сите капитални проекти од кои имат профитирано Албанците се дело на политичари Македонци.
Тогаш која е поентата Албанците воопшто да гласаат за политички партии кои освен лажен патриотизам, лаги, и нивно лично богатење буквално ништо друго не им нудат на Албанците во Македонија“, прашува Мухамеди.

 

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

Стојков: Грција и Бугарија ќе го користат примопредавањето на моштите на македонскиот цар Самуил за пропаганда против Македонија!

„Свечената“ објава на бугарскиот премиер Румен Радев дека в сабота, на 3 октомври, Грција ќе ѝ ги предаде посмртните останки од цар Самуил (починат 1014 година), одекна не како историско-научна сензација, туку токму така како што беше и конструирана – со политичко тенденциозност спрема Македонија. Ова се нагласува во статијата со наслов „Стојков: Не е сигурно дека моштите се на цар Самуил, а Бугарија и Грција немаат ни правна основа за нивно примопредавање“, која ја објави информативниот портал „МКД.мк“

(ВИДЕО) Разбиена е криминалната и терористичка група од Скопје, кај која е пронајдено знаме на „Исламска држава“! – Кривична пријава за тројца (Видео)

МВР информира дека вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена организирана криминална група од Скопје, инволвирана во вршење на кривични дела од областа на тероризам и недозволена трговија со оружје.

To top