Македонија

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија во обид да се тргне бугарската блокада на евроинтеграцијата на Македонија

Од бугарското Министерство за надворешни работи за бугарската информативна агенција БТА потврдиле дека шефовите на дипломатиите на двете земји ќе имаат можност да се сретнат во заднината на меѓународната министерска конференција за Коридорот 8 во Софија, чиј домаќин ќе биде министерката Велислава Петрова.

– Форумот – на кој ќе присуствува и министерот за надворешни работи на Република Македонија, Тимчо Муцунски – ќе овозможи одржување средба како дел од тековниот дијалог меѓу двете земји, велат од Министерството за надворешни работи на Бугарија.

Иницијативата за средба на министрите за надворешни работи на двете земји произлезе за време на посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен на Македонија. По нејзин совет Муцунски побара средба со Петрова, во обид за се поттикне решавањето на проблемот околу бугарската блокада на евроинтеграцијата на Македонија.

Од македонското Министерство за надворешни работи за Македонската информативна агенција – МИА претходно потврдија дека е побарана средба меѓу македонскиот министер за надворешни работи  Тимчо Муцунски и бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова, која би се одржала неделава во заднината на министерскиот состанок во Софија, посветен на Коридорот 8.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро чиишто придобивки ги споделува целото општество.

Глобалните финансиски кризи, геополитичките тензии, климатските промени и забрзаниот технолошки развој наметнуваат нови барања пред централните банки

Европска недела за БЗР: Побезбедни работни места преку грижа за менталното здравје и навремено препознавање на ризиците

Унапредувањето на безбедноста и здравјето при работа (БЗР), со акцент на менталното здравје и психосоцијалните ризици на работното место, културата на превенција и добрите практики на домашните компании, ги обедини сите релевантни чинители на настанот со кој беше одбележана годинешната Европска недела за безбедност и здравје при работа. Во рамките на настанот беа доделени и националните награди за добра практика во безбедноста и здравјето при работа за 2026 година.

Николоски пред германските инвеститори: Работиме на инфраструктурниот развој на државата, Германија е трговски партнер број еден на Македонија

Активно се работи на железничкото поврзување на Коридор 8, на автопатските делници на коридорите и најави изградба на нови експресни патишта.

Судијката која му ги најде закопаните 350.000 евра в ѕид на Ѓоко Ристов избрана за јавна обвинителка за гонење организиран криминал и корупција

Искра Хаџи Василева е избрана за нова шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Таа освоила 67 гласа, а зад неа втор е Трајче Пеливанов, додека трет е Јован Цветановски.

Мицкоски: Македонија има највисок економски раст во регионот и инфлација пониска од европскиот просек

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата води про-бизнис и проекономска политика, посочувајќи ги податоците на Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка како потврда за економските резултати на Македонија.

To top