Македонија

Муцунски: Ужасно сум разочаран од одговорот што дојде од Софија

Министерот вели дека најмалку што очекувал од официјална Софија е осуда на објавувањето на дипломатската нота

Министерот за надворешни работи , Тимчо Муцунски, вели дека изјавата не содржи јасен демант дека документот протекол од бугарското Министерство за надворешни работи и единствениот одговор даден во него е во основа дека патувањето се случило одамна.

„Ужасно сум разочаран од одговорот што дојде од Софија“, рече Муцунски, коментирајќи ја изјавата на бугарското Министерство за надворешни работи во врска со објавувањето на дипломатска нота во врска со патувањето на членовите на потесното семејство на премиерот Христијан Мицкоски во Пампорово на почетокот на годинава.

Муцунски во „Само Интервју“ рече дека изјавата не содржи јасен демант дека документот протекол од бугарското Министерство за надворешни работи и единствениот одговор даден во него е во основа дека патувањето се случило одамна.

„Одговорот во основа беше дека тоа се случило одамна. Тоа не беше ниту целосно демантирање, туку дека инцидентот се случил одамна“, додаде Муцунски.

Министерот вели дека најмалку што очекувал од официјална Софија е осуда на објавувањето на дипломатската нота,.

Муцунски: Бугарија со дипломатска нота за семејството на Мицкоски – неприфатлив преседан

Најнови вести од: Македонија

РЕС СО НОВА ПОНУДА ЗА 2027: ДО 40% ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ФИКСНА ЦЕНА И ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОПУСТИ ДО 6.000 ДЕНАРИ

Компаниите што ќе склучат договор со РЕС на една или две години ќе добијат фиксна цена на електричната енергија и дополнителни попусти од 3.000 или 6.000 денари за редовно плаќање на сметките. За средните и големите претпријатија, РЕС нуди и бесплатна анализа на исплатливоста од инвестирање во батериски системи за складирање електрична енергија

To top