Македонија

Муцунски во Киев: Границите не можат да се менуваат со сила, Македонија стои со Украина!

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска на покана на украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха престојуваше во еднодневна посета на Украина.

„Ова е една од организациски најсложените, но и најзначајните посети. Посета што е потврда за силното пријателство и поддршката. Разговаравме за натамошно продлабочување на политичкиот дијалог и билатералната соработка, европската перспектива и актуелните безбедносни предизвици. Ја потврдив нашата цврста и континуирана поддршка за Украина и за принципите на суверенитет, територијален интегритет и меѓународно право“, објави Муцунски.

Тој нагласи дека Македонија стои со Украина. Украина е суверена држава, а нејзиниот територијален интегритет мора да се почитува.

-Границите не можат да се менуваат со сила. Безбедноста на Украина е европска безбедност. Американското лидерство и европската одговорност мора да дејствуваат заедно за да се создадат услови за праведен и траен мир. Нашата поддршка ќе продолжи, а кога ќе дојде времето за обнова, сакаме да бидеме тука не само како пријател, туку и како партнер во закрепнувањето и реконструкцијата на Украина, објави Муцунски.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top