Македонија

МВР поднесе кривична пријава против градоначалник од ДУИ

Осомничен е за загрозување на животот на луѓе, животни и растенија

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(51) од кичевското село Србица, градоначалник на Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата “ и „загрозување на животната средина и природата со отпад “.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски осомничениот постапувајќи несовесно при извршување на своите законски обврски и не вршење должен надзор, од 2020 година, работел спротивно на одредбите од Законот за управување со отпад и Законот за заштита на животната средина, дозволил да биде формирана дива депонија на повеќе илјади квадратни метри во населена зона во Кичево.

 

Осомничениот давал задолженија на вработени секојдневно да складираат, оставаат или расфрлаат отпадни материи, односно со нив да постапуваат на начин со кој се менува квалитетот на воздухот, почвата, водата или водотекот, во мера што може да ги влоши условите за живот на луѓето или животните и растенијата со што, го загрози нивниот опстанок.

 

Зад иницијалите Ф. Д. стои Фатмир Дехари актуелен градоначалник на Кичево.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top