Македонија

МВР: Возачите да ги ажурираат податоците пред стартот на „Безбеден град“

Системот официјално треба да биде ставен во функција во недела, на 1 февруари

 

Граѓаните да ги ажурираат своите контакт-податоци во рамки на системот „Безбеден град“, со цел навремено и точно информирање, потсетува Министерството за внатрешни работи. 

Граѓаните можат да поднесат барање за промена на податоците на посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ во Скопје (приземје), кој работи секој работен ден од 08:00 до 17:00 часот.

Ажурирањето може да се изврши и во станиците за технички преглед на возила низ државата, каде што е распореден деташиран референт на МВР.

Од МВР појаснуваат дека промената е наменета за граѓаните кај кои има настаната измена на контакт-податоците доставени при регистрација на возилото, како и за оние кои добиле известување со неточни податоци.

Според најавите, системот „Безбеден град“ официјално треба да биде ставен во функција во недела, на 1 февруари.

Најнови вести од: Македонија

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

To top