Македонија

„Н.М“: Споменувањето на МПЦ-ОА како „северномакедонска црква“ во литургијата на Даниил и Вартоломеј е отсекување на милениумите на македонскиот идентитет и црковните традиции!

„Таквиот потег на Даниил и Вартоломеј фрла сенка врз историската и националната легитимација. Наместо да ја афирмира МПЦ-ОА  како наследник на една од најстарите институции на словенското христијанство, таквата формулација ја сведува на симбол без длабоки корени, како дрво отсечено од својата почва. Со формулацијата „црква од Република Северна Македонија“, која ја користеше вселенскиот патријарх Вартоломеј, уште поопасно за нас, се фалсификуваат два милениума христијанство во Македонија, се сече едната и единствена црковна врска меѓу Светипавловата и Светиклиментовата црква, кои се неизбришливо втемелени во МПЦ-ОА. Но, името на МПЦ–ОА денес не е само предмет на богословска и канонска дискусија, туку и поле на борба за признавање, легитимитет и духовна самостојност на македонскиот народ. Во него се вкрстуваат идентитетот на македонскиот народ, неговото право на сопствена црковна традиција, како и историската должност да се зачува споменот на Охридската архиепископија како еден од најсветлите столбови на православието. – се нагласува во анализата на весникот „Нова Македонија“ со наслов „Цариградските камбани сѐ погласно бијат за некаква ‘северномакедонска црква“!?“.

Во споменатата анализа се истакнува: На 27 декември во црквата „Свети Стефан“ во Истанбул, во литургијата на бугарскиот патријарх Даниил во сослужување со цариградскиот патријарх Вартоломеј не е спомената Македонска православна црква – Охридска архиепископија, туку „Православна црква на Северна Македонија“. Поглаварот на МПЦ – ОА Архиепископот Македонски и Охридски Стефан е вака споменат, туку како што е признаен од БПЦ – како архиепископ на „Православната црква на Северна Македонија“.  Треба да се потсети дека БПЦ го признава автокефалниот статус на „Православната црква во Северна Македонија“, а не на Македонска  православна црква – Охридска архиепископија.

Македонската православна црква–Охридска архиепископија е повеќе од зборови – тоа е идентитетска формула, духовна и историска декларација што ја обединува националната самобитност со вековната легитимација. Во него се спојуваат два столба: македонската државност и македонската традиција, како и македонската национална афирмација и македонската историска континуитетност. Секое негово селективно користење, секое изоставање дел од оваа целина, значи селективно признавање на македонскиот идентитет – признавање на сегашноста, но не и на минатото; потврда на народот, но не и на неговата духовна матрица.

Селективното именување е идентитетска редукција – не постои половично признавање на македонскиот духовен идентитет

Македонската православна црква–Охридска архиепископија повторно се најде во центарот на вниманието на православниот свет, отворајќи нова и чувствителна дебата за симболиката, историската димензија и духовната тежина. Ова име не е само административна ознака, туку во себе носи вековна меморија, наследство на една од најстарите и најзначајни црковни институции на Балканот, почнувајќи со ранохристијанскиот период, а особено со традицијата од времето на средновековната Охридска архиепископија – духовен и културен светилник за целиот православен исток. Според аналитичарите, ваквото селективно именување е далеку повеќе од обична формалност. Придавката „македонска“ не е само географска или административна одредница, туку таа носи во себе силна национална афирмација – ги потврдува посебноста и самостојноста на македонскиот народ и е спој на црквата со државата, културниот идентитет и историската борба за признавање. Таа станува мост меѓу духовното и политичкото, симбол на вековниот стремеж на Македонците да имаат сопствена црковна институција што ќе ја одразува нивната национална посебност.

Изразот „Охридска архиепископија“ ја надминува современата национална рамка и ја внесува црквата во пошироката историска и цивилизациска традиција. Таа ја легитимира преку континуитетот  со една од најстарите и највлијателни институции на словенското христијанство – духовен центар што во минатото ги ширел верата, културата и писменоста низ целиот Балкан и пошироко. Во оваа титула се содржани векови на духовна автономија, канонска авторитетност и културна светлина, што ја прави неразделен дел од европското и православното наследство. Во канонската перспектива, целосното прифаќање на името е чин на признавање на континуитетот – националниот, духовниот и историскиот. Името е како мост: национална афирмација и духовна непрестајност. Токму затоа, името во целост се гледа како идентитетска формула – не само како административна ознака, туку и како духовна декларација. Тоа е мост, што ја поврзува Македонија со нејзиното минато и ја внесува во поширокиот православен контекст, каде што Охридската архиепископија се памети како еден од најсветлите столбови на словенското христијанство. – се заклучува во анализата објавена во весникот „Нова Македонија“.

Најнови вести од: Македонија

Влада: Не знаеме кого чекал Трендафилов во празна сала, премиерот ќе има средба со синдикатите в четврток

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, оцени дека е добро што премиерот го прифатил барањето на УПОЗ за зголемување на платите во управата и правосудството по речиси една година протести на работниците од овој сектор, но додаде оти денеска требало да се зголемат и платите на вработените во управата за 40 отсто.

Осигурителната компанија „Tриглав Осигурување АД“ со огромен раст на добивка

Триглав Осигурување АД, Скопје во претстојниот период очекува понатамошно профитабилно, безбедно и одржливо работење. Планираната премија во 2026 година изнесува 1.960 милиони денари, односно раст од околу 15 отсто во однос на 2025 година. Добивката се очекува да изнесува околу 75 милиони денари – стои во извештајот.

To top