Македонија

На денешен ден: Не го виде Охрид, не ја виде Струга, неговата т`га за југ заврши во зандана – во Цариград почина Константин Миладинов

Константин Миладинов е роден во Струга, во 1830 година

На 18 јануари 1862 година во Цариград, во полициската болница, умрел Константин Миладинов, македонски поет, собирач на македонски народни песни и умотворби.

По завршувањето на основното образование во Струга и гимназија во Јанина, во 1847 година станал учител во селото Трново, Битолско. На 14 октомври 1849 година се запишал на Филозофскиот факултет (филолошка група) во Атина.

По завршувањето на студиите престојувал во манастирот „Зограф“ на Света Гора. По враќањето во Струга, станал учител во битолското село Магарево, а потоа во 1857 година се запишал и студирал словенска филологија во Москва, каде што членувал во Словенскиот кружок и соработувал во неговиот весник „Братски труд“, како и во весникот „Дунавски лебед“.

На 24 јуни 1861 година во Загреб излегол Зборникот на народни песни и умотворби на браќата Димитар и Константин Миладинови.

Константин Миладинов е роден во Струга, во 1830 година.

Зборникот на народни песни е епохално дело на струшките браќа Миладиновци, македонски преродбеници во 19 век.

Зборникот подоцна стана учебник за идните генерации македонски писатели. Објавувањето на Зборникот го овозможи хрватски бискуп Јосип Јурај Штросмаер.

Зборникот на Миладиновци е најзначајната книга на македонската преродба, заедничко дело на двајцата браќа. На 24 јуни1861 година првите примероци од зборникот излегле од печатницата на Анте Јакиќ во Загреб и им биле испорачани на претплатниците.

Печатењето на зборникот било финансирано од хрватскиот бискуп Јосип Јурај Штросмаер, за што Константин во посветета му искажува голема благодарност.

Ова епохално дело содржи 584 песни од разни краишта на Македонија (Струга, Охрид, Битола, Прилеп, Велес, Дебар, Кукуш, Костур и др.), кон кои непосредно пред објавувањето биле приклучени 76 бугарски песни од Софија и од Панаѓуриште, што Константин ги добил од В. Чолаков.Песните се поделени во групи: самовилски, други стари, црковни, јуначки, жаљовни, смешни, љубовни, свадбени, лазарски, на Водици, на Ѓурѓовден и жетварски.

Зборникот содржи и други фолклорни и етнографски материјали (детски игри, свадбени и годишни обичаи од Струга и Кукуш, верувања, игри, преданија, сопствени имиња, пословици, гатанки, речник, лалп и имиња на претплатниците).Во предговорот Константин ги изнесува своите сфаќања за народното творештво како „показалка на степенот на умственото развитие од народот и огледало на неговиот живот“, за народното оро како „училиште каде се усовршенствувала народната ни поезија“ и сл. Константин при изборот на песните вршел селекција, од повеќе варијанти ја избирал најдобрата, што значи Зборникот има карактер на антологија.

Уште кога заминал на студии во Русија, Константин понесол одреден фонд песни. И подоцна Димитрија собирал фолклорни материјали и му ги праќал на брата си. Константин не успеал зборникот да го објави во Русија, иако за него најпофално се искажале значајни имиња од руската славистичка наука. Тој воспоставил контакт со Штросмаер и договорил средба во Виена. Големиот мецена на словенската култура се согласил да го финансира Зборникот со една забелешка – материјалите што биле запишани со грчки букви да бидат препишани со кирилица. Константин тоа го прифатил.

Според списокот на претплатниците, Зборникот имал порачки од Виена, Будим, Дубровник, Љубљана, Марибор, Осиек, Темишвар, Загреб, Белград, Хасково, Париз, Прага и други места, но нема претплатници од Македонија, што значи дека огласот за претплата од Константин во „Дунавски лебед“ објавен во 1861 г. не бил познат во Македонија.

По објавувањето, Зборникот имал одгласи во повеќе земји. Популарноста на Зборникот и судбината на браќата Миладиновци биле причина нивните имиња да влезат и во литературни дела. Иако Зборникот извесен период останал непознат во Македонија, тој подоцна сепак си ја одиграл улогата на програма за собирање и афирмација на македонскиот фолклор. Сите поистакнати собирачи овој зборник го имале и за пример и за инспирација. Така Кузман Шапкарев запишал дека триумфите на Миладиновци, Караџиќ и Кухач не му давале да заспие, а Марко Цепенков го чувал дома и го пеел „како второ вангелие“.

(Подготвил: Д. Г. за Денешен.мк)

Најнови вести од: Македонија

Трендафилов се претставува како жртва, а зема плата од скоро 1.000 евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Од пратеничката група сметаат дека Слободан Трендафилов ќе остане запаметен како „синдикалец“ кој нема склопено ниту еден договор корисен за македонскиот работник во текот на целиот негов мандат. Сметаат дека нападот врз Стојаноска е само доказ за немоќта на еден функционер кој го изгубил компасот и велат дека Трендафилов треба веднаш да си поднесе оставка и наместо да глуми жртва по медиуми, да подготви одбрана пред истражните органи за своето расипништво.

За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ видеото со децата на Трендафилов не е напад врз семејство

За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ објавеното видео не е напад, туку „огледало во кое Трендафилов не може да се погледне“, а „нападот“ врз Стојаноска бил само доказ за немоќта на еден функционер кој го изгубил компасот и кој кога нема аргументи, се служи со навреди и етикетирања.

(Фото): Претседателот на ССМ, Трендафилов, бара истрага – вели: „Ми ги следат децата“

Во пресрет на блокадата од страна на ССМ кон бизнис секторот, а во врска со барањата за минималната плата и повисоки плати на работниците, претседателот на ССМ Трендафилов побара сите надлежни институции да реагираат на објавата на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска. Трендафилов бара кривичен прогон за лицата кои ги следеле неговите деца.

Цветановски: Изјавите на Лејла Кадриу за случувањата во СЈО не се изненадување за правосудната фела

„Можеби за дел од јавноста изјавите на колешката Кадриу беа изненадување, но сигурен сум дека за правосудната фела, особено моите колеги обвинители, не. Кадриу само го потврди тоа што потајно се шпекулираше за случувањата зад затворени врати во СЈО. Сега тоа не се шпекулации, туку потврдување од сведок кој лично ги увидел состојбите“, вели обвинителот Јово Цветановски во интервју за „Република“ .

ВМРО ДПМНЕ: Не Стојановска, туку Трендафилов да одговара за злоупотреба на службено возило за приватни цели!

„Наместо да се сокрие од срамот пред македонскиот работник, претседателот на Сојузот на синдикатите Слободан Трендафилов одбра со невидена дрскост, паника и нервоза да ја напаѓа пратеничката Дафина Стојаноска, глумејќи жртва за да го прикрие сопствениот скандал. Додека лицемерно ги повикуваше пратениците да одат пешки, ‘синдикалецот’ Трендафилов истиот ден се појави на протест со службено возило, а јавноста веќе виде како тоа исто возило се користи за семејни потреби како да е негова приватна сопственост.“ – реагира пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Украл бакарни кабли вредни 200 илјади евра од градилиштето за подземниот булевар во Скопје!

Вработен во обезбедувањето на подземниот булевар во изградба кај комплексот Дајамонд во центарот на Скопје заврши со лисици на рацете. Полицијата го товари дека за еден месец украл околу два километра бакарни кабли од градилиштето за подземниот булевар. Според информацијата на МВР вредноста на украдените бакарни кабли изнесува околу 200 илјди евра.

ВМРО-ДПМНЕ предлага уште пет години рок за легализација на бесправно изградените објекти

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, по скратена постапка, за да не останат граѓаните со нерешени статуси за своите домови, поради административни пречки, или бавни процедури.

Најнови вести

To top