Македонија

„Тетова сот“: Нов голем раскол во НАИ на ДУИ и Ахмети во Струга! Мерко им го сврте грбот и ја поддржа независната листа за општинскиот Совет!

Во истите моменти кога лидерот на ДУИ Али Ахмети во „порака до премиерот Христијан Мицкоски“ се закануваше дека „ќе се цепи Македонија на албански и бугарски дел, ако не влезела во ЕУ“, кога се фалеше со „единството на политичките сили“ во неговата „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ), неговиот „омилен сопартиец“ и градоначалник на Струга Рамиз Мерко веќе му ја расцепи НАИ во Струга, ем и му ги „разголи“ лагите оти има „единство“ во опозициската коалиција! Мерко ги повика директно гласачите на Струга не само да гласаат за независната кандидатска листа за Советот на општина Струга, а не за ДУИ, туку и „да бидат понастрана од партиите“, уште поточно понастрана од ДУИ!

„Се случува уште еден голем раскол во Националната алијанса за интеграција во Струга: овој пат сегашниот градоначалник Рамиз Мерко отворено се изјасни во поддршка на независната листа за Советот на Струга, со што им го сврте грбот на АКИ и лидерот на ДУИ Али Ахмети!“ – извести информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“, по објавата на Мерко на фејсбук, со која тој се огласи со поддршка за независната листа за Советот на Струга.

Во овој контекст порталот ја пренесе оваа објава на Рамиз Мерко на општествената мрежа: „Цврсто ја поддржувам независната листа за Советот на Струга. Овие поединци покажаа интегритет и подготвеност да работат за доброто на нашиот град. Ги поканувам сите оние, кои веруваат во слободниот глас на граѓаните да ѝ се придружат на мојата поддршка. На гласачкото ливче, гласајте за бројот 120! Ова е избор за граѓаните, од граѓаните.“

Најнови вести од: Македонија

Михаилов: Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, оти тоа значи директна поддршка за нив!

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, овој повик го упати заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој посочува дека ваквата набавка на дрва од страна на граѓаните значи и директна поддршка на дрвокрадците, кои ги пустошат македонските шуми.

Димитриевски: ЗНАМ поддржува средба и разговор со Бугарија, но без отстапки околу македонскиот идентитет и јазик

Македонија има европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура. Ставот што ЗНАМ го застапува е и став на Владата и државна позиција на Македонија, нагласи претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната средба со граѓани во Гостивар.

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

Целосно слеп човек повикан да докажува дека е слеп и му била намалена помошта – ДКСК утврди дискриминација од стручната комисија

Човек целосно слеп на двете очи, чија здравствена состојба е медицински утврдена како трајна и непроменлива, повторно бил повикан на контролен преглед за да му се проценува потребата од туѓа помош и нега. Помошта што претходно ја добивал му била определена во помал обем.

Најнови вести

To top