Македонија

На годинашниов 39-ти Охридски пливачки маратон утре ќе настапат 16 пливачи на патеката, долга 25 километри

Со почеток во 11 часот од Свети Наум утре во водите на Охридското Езеро ќе се одржи 39-то издание на Охридскиот пливачки маратон. 16-те пливачи ќе пливаат на патеката „Климе Савин“. Патеката е долга 25 километри, со старт од Свети Наум, а целта е на Кеј Македонија.

Ќе учествуваат вкупно 16 пливачи (11 кај мажите и 5 кај жените) од 8 држави.Македонски претставници на маратонската трка се: Александар Илиевски, Петар Цеков и Леонид Мишевски, кај мажите и Росана Гошева кај жените. Вкупниот награден фонд на овогодишната манифестација изнесува 15.000 долари.

– Ја користам пригодата да ги поканам сите утре заедно да го проследиме маратонот и заедно да учествуваме во испишувањето на уште една страница од историјата на Охридскиот пливачки маратон и да ја продолжиме традицијата започната во далечната 1962 година. На пливачите им посакувам мирно езеро и успех, рече Ристе Јанкоски, координатор на организацискиот одбор на Охридскиот пливачки маратон, на денешната одржана прес-конференција.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, ја истакна важноста на маратонот за градот и регионот.

– За Охрид овој маратон има непроценливо значење. Тој го става нашиот град на светската мапа како центар на спортскиот дух, ја пренесува нашата култура и гостопримство ширум светот и ја инспирира секоја нова генерација млади охриѓани да спортуваат, но и да ги надминуваат сопствените граници. Маратонот е круна на нашата летна сезона и силен симбол на нашата отвореност кон светот. На сите пливачи кои утре ќе се соочат со маратонскиот предизвик, им посакувам мирно езеро, добра енергија и фер трка. За мене лично и верувам и за многумина, секој што ќе го исплива овој вистински спортски подвиг е веќе победник. Посакувам утрешниот ден за сите нас да помине во знакот на гордоста и заедништвото. Да ни е успешен и незаборавен 39-тиот Охридски пливачки маратон, посочи Пецаков.

 

Најнови вести од: Македонија

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

To top