Македонија

На Скопје му недостасуваат 171 пожарникар

Има 20 нови вработени на кои им претстои преквалификација и обука., но потребата од дополнување ќе тече во текот на целата година

 

Скопската противпожарна бригада моментално има 213 вработени, додека уште 171 недостасуваат за да се исполни законскиот услов за потребниот број пожарникари.

„Недостигот на вработени е хроничен. Сега последната генерација има 20 нови вработени на кои им претстои преквалификација и обука. Потребата од дополнување ќе тече во текот на целата година. Така да, очекувам да дојдеме до некој оптимум за да бидеме ефикасни“, нагласи Ѕвонко Томевски, командант на противпожарна бригада на Град Скопје.

Противпожарната бригада моментално има на располагање 44 противпожарни возила, додека според Томески, иако има недостиг од вработени, пожарникарите се подготвени да интервенираат во секоја вонредна ситуација и дека приоритет останува безбедноста на граѓаните.

 

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top