Македонија

Над половина од семејствата со повеќе деца едвај крпат крај со крај

Просечно секој петти граѓанин во државата живее во сиромаштија, а според последните податоци на ДЗС за лани, стапката на сиромаштија во земјата изнесува 21,9 %. Најизразена е кај децата до 17 години каде процентуалноста пак достигнува 29,5 % што укажува на тоа дека речиси една третина од младите деца живеат во сиромаштија. Кај вработените лица, стапката на сиромаштија во 2024 година изнесува 7,9 проценти, што укажува на присуство на т.н феномен на „сиромашни вработени“ – лица кои и покрај тоа што имаат работа, остваруваат приходи под прагот на сиромаштија.

Секој петти жител на Македонија лани бил сиромашен, а најтешко живеат семејствата со три и повеќе деца, покажуваат податоците на статистиката. Стапката на сиромаштијата во 2024 година изнесуваше 21.9 отсто, пренесе. Државниот завод за статистика ги пресмета лаекенските индикатори за сиромаштија за минатата година врз основа на податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија.

Основа за пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60 отсто од медијалниот еквивалентен приход. Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2024 година е 17.1 отсто.

Праг на сиромаштија за четиричлено домаќинство (2 возрасни и 2 деца помали од 14 години) се смета дека е приход од 374 400 денари годишно (6.000 евра), а за самците овој праг изнеусва 178 286 денари годишно (2900 евра).

Според најфреквентниот статус на економската активност, стапката на сиромашни вработени лица е 7.9 отсто, додека стапката на сиромашни пензионери е 12.0 отсто.

Најнови вести од: Македонија

Фаризи: ДУИ не може да функционира во правна држава, туку само во илегала, бидејќи оттаму се дојдени! – Нивен беше протестот за правосудниот испит на албански јазик!

„Ние треба да водиме надворешна политика, која ќе биде во рамнотежа со сите големи актери на светот.Ние сме демократска држава со стремеж кон Европската унија, но треба да ја водиме политиката во според принципот на нашиот интерес, на нашата држава, а не како ќе му се допаѓа на некој друг. Христијан Мицкоски дојде на власт со ветување дека ќе има цврст став оти нема да се промени на Уставот, ако нема гаранција од страна Бугарија. Тоа го подржувам. Ние не сме единствената држава која има преговарано со соседите и нема држава, која платила толкава цена.“ – нагласува политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи во одговорот на прашањето како ја оценува Македонија на надворешен план, во рамки на интервјуто за „Република“.

Архиепископ г.г Стефан: На мајчин македонски јазик да објавиме ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

Светлината на Христа воскреснатиот нека нè просвети, та, со нашата вера и со богоугодни дела, да го озариме светот со велигденска радост, па во братољубие, оттука, па до сите краишта на светот, до каде што нè има како народ и како Црква, да објавиме на нашиот мајчин македонски јазик: ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

To top