Македонија

Надмината состојбата во Уставниот суд за Кривичниот законик

Судот во Февруари изрази сомнеж дека оспорениот акт е во спротивност со темелните вредности на уставниот поредок

Извори во правосудството тврдат дака Уставен суд постигнал консензус да биде повлечен предлогот за одлучување за Кривичниот Законик.

На почетокот на годината Уставниот суд донесе одлука да се поведе постапка за оценување на уставноста на Законските измени и дополнувања на Кривичниот законик, во целина.

Сега се одлага конечната одлука на Уставниот суд во однос на членот 353 од КЗ се до завршувањето / носењето на измените и дополнувањата на КЗ од страна на Собранието.

Според информациите конечната одлука се одлага поради поведената законодавна постапка за измена и дополнување на Кривичниот Законик во редовна постапка.

Во Февруари Уставниот суд одлучи да испрати Известување до Собранието за сомнежите и сознанијата во овој предмет и да му даде рок од максимални шест месеци за да ги коригира спорните законски одредби.

Судот во таа фаза од постапката изрази сомнеж дека оспорениот акт е во спротивност со темелните вредности на уставниот поредок, односно дека е во спротивност со владеењето на правото уредено со членот 8 став 1 алинеја 3, како и дека не е во согласност со гарантираната уставна заштита за еднаквост на сите граѓани пред Уставот и законите, предвидена со членот 9 став 2 од Уставот.

Судот сметаше дека под сомнеж може да се стави и материјалниот и формалниот аспект. Неспорно е дека Собранието има надлежност за нормирање на општествени односи, но во овој случај Судот се сомневаше дека Законодавецот не водел сметка за уставно-правната реалност и последиците кои ќе настанат по донесувањето на овие законски измени, а се во насока на предизвикување на нееднаквост во казнената политика за сите граѓани.

Уставниот суд пред 10 месеци изрази сомнеж и за формалниот аспект, односно за постапката на донесување на овој Закон, поради носење на измените во процедура во која се користи европско знаменце иако нема оправдана, деловничка цел за тоа.

Согласно тогашниот Акт на Судот, доколку Собранието не постапи по насоките за законски интервенции, Уставниот суд ќе премине во следната фаза од постапувањето, односно ќе се донесе конечна одлука, која може да има укинувачки или поништувачки карактер, во зависност од проценката на тежината на повредата.

Судот тогаш го зема предвид фактот дека може да настане правна празнина и евентуални последици во отсуство на казнените одредби на кои би се повикале судиите во кривичните постапки, доколку се донесе конечна одлука во следната фаза, без да го извести Собранието и да побара интервенции и токму ова беше клучно да се одлучи прво да се обрати до Законодавниот дом кој е надлежен за интервенирање во законите.

Најнови вести од: Македонија

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и С.Македонија, обете на распоредот на фон дер Лајен, заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Урсула Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина.

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

Најнови вести

To top