Македонија

Нафта за автобусите на ЈСП има уште за денес, а од утре?

Вчера попладне пристигнале 20 тони гориво, по десет во двете авто-бази, што било доволно за вчерашниот и денешниот ден

Седница на Советот на Град Скопје за проблемот со јавниот превоз во главниот град засега не е закажана. Според извори од ЈСП, најава за прекин на работењето нема и нафта за автобусите е пристигната вчера во двете бази, која како што велат е доволна за вчерашниот и денешниот ден.

Граѓаните, утрово, повторно беа сведоци на хаос во превозот – на улиците можат да се забележат автобуси на приватните превозници, но бројот на оние на ЈСП се ретки.

Поранешниот заменик-градоначалник и независен член на Советот, Александар Трајановски, за МИА потврдува дека засега нема никаква најава за итна седница.

„Засега нема повикано седница, ниту од страна на град Скопје, ниту од советниците. Дополнителна осакатеност е тоа што Советот, по преминувањето на Трајко Славески, нема претседател и секоја седница индивидуално се назначува. Засега седница нема закажано, особено не за точката за која ме прашувате“, вели Трајановски.

 

Скопје пред колапс: „Пуцко петрол“ го блокира превозот, граѓаните во неизвесност

 

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top