Македонија

Најбараното патување со воз во Туркије: Од Анкара до Карс – комфор, историја и впечатливи снежни глетки

Расте интересот за познатиот туристички воз на Туркије, наречен Туристички источен експрес, што сообраќа на релација Анкара – Карс. Ова патување со железница денес важи за едно од најбараните и најпопуларните, наменето токму за туристи.

Расте интересот за познатиот туристички воз на Туркије, наречен Туристички источен експрес, што сообраќа на релација Анкара – Карс. Ова патување со железница денес важи за едно од најбараните и најпопуларните, наменето токму за туристи. Станува збор за ноќна сценска возна линија низ Источна Анадолија, која е особено атрактивна во зима, поради богатите снежни пејзажи што се гледаат низ анадолските рамнини и планини. Удобните купеа со кревети, ритамот на шините и неколкуте застанувања за разгледување, прават ова патување да не се доживува како обичен превоз од една до друга точка, туку како специјално доживување. Линијата сообраќа три пати неделно во двата правци меѓу Анкара и Карс, а едно патување трае околу 24 часа.

Иако и двете возења се атрактивни, сепак, најпопуларен избор е линијата која стартува од престолнината и завршува во историскиот град. Билетите за Туристичкиот источен експрес се достапни онлајн, но се распродаваат многу брзо, па се препорачува да се резервираат што порано. Покрај комфорот што им се нуди, на патниците им е дозволено и да ги украсуваат своите купеа со светилки и декорации, за уште попријатна атмосфера. Тие се опремени со фрижидери и мијалници, што им овозможува да носат и сопствени намирници, но за вечера на располагање го имаат и ресторан-вагонот.

Кога се поаѓа од Анкара, се поминува низ интересни области, како што се Кириккале, Кајсери, Сивас, Ерзинџан и Ерзурум, а возот и застанува на последниве две дестинации. На повратната рута, пак, се стои во Илич, Дивриѓи и Сивас, што овозможува да се истражат бројни природни и историски знаменитости.

 

Карс е познат по својата историја и е една од најстарите населби во Анадолија. Центарот на градот изобилува со впечатлива архитектура, додека вековните споменици се карактеристика на поширокиот регион. Во близина се наоѓа и Ани, некогаш голема средновековна метропола позната како „Градот на 1001 црква“, а сега локалитет под заштита на УНЕСКО. Покрај цркви, Ани изобилува и со бањи, џамија, како и масивни одбранбени ѕидини, како наследство од христијанските и муслиманските династии.

Областа Сарикамиш е погодна за скијање и за санкање, но она што таму не смее да се пропушти е зимска посета на езерото Чилдир, кога замрзнува неговата површина. За туристите се организира лизгање по мразот во кочии влечени од коњи, додека локалните рибари пробиваат дупки за да ловат крап, што е една од најпознатите традиции во регионот. Автентичниот дух на градот, пак, најдобро се чувствува навечер, кога се организираат традиционалните вербални дуели на минстрели – натпревари во живо со песни, рима и стихови. Се изведуваат и народните танци кои потекнуваат од регионот на Северен Кавказ, кои се полни со енергија и ритам, а се приредуваат од групи, со брзи чекори, скокови и кореографија. Менито што се служи се состои од гускино месо, карски сирења, мед и манти. Гурманите можат да го посетат и Музејот на сирењето и да се запознаат со традицијата на производство, како и да ги дегустираат различните локални сирења.

 

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Посетители во Зоолошка му ги украле подароците за првиот роденден на мајмунот Мики

Роденденската прослава на младиот гибон Мики во скопската Зоолошка градина заврши со слика што повеќе зборува за посетителите отколку за самиот настан. Наместо симпатична вест за првиот роденден на животното, во јавноста излезе информација дека дел од подароците што биле подготвени за Мики биле украдени од посетители.

Пронајдено женско тело во распаѓање фрлено в река – Дали се работи за насилна смрт?!

Телото на жената што беше пронајдено во фаза на распаѓање во кочанското село Зрновци било обезглавено и без други делови на телото. Полицијата, пожарникарите и обвинителството денеска го пребаруваа поширокиот терен околу местото викано Ѓошевски Орев, во близина на Зрновска Река. Жената сè уште не е идентификувана.

Има услови за отворање на нови шалтери на скопскиот аеродром

Во споредба со останатите аеродроми во регионот, Николоски истакна дека процентот на раст на Скопскиот аеродром за оваа година, според реномираните списанија за авиосообраќај, ќе биде најголем во однос на останатите аеродроми во регионот. Вицепремиерот исто така најави дека веќе се размислува за зголемување на капацитетите на македонските аеродроми.

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

To top